Бидејќи прашањето беше во контекст за потеклото на свеста - каде таа се создава а не во каков стадиум ја развива одреден орган, тотално е неботно каква е свеста на медузите во однос на човекот или вирусите. Поентата е дека постојат организми кои се свесни а кои немаат мозок или нервен систем како кај нас. Тоа е повеќе од доказ дека мозокот не ја создава свеста, туку само ја модифицира или има поврзаност со неа.
Вака, да се повторам. Свест, не постои како одделен феномен.
Постои различна комплексност на мозокот доколку
одлучиш за да ти е полесно, свеста да ја разгледуваш како некој континуум од најпростите организми до најкомплексните.
Медузите ги немаат развиено нашите делови од мозокот во нивната етапа од еволуцијата,
така што сите „свесни“ функции како зборување, самоконтрола, верувања, способност за одлуки не постојат кај нив. Кај нас постојат, пошто ги имаме тие делови.
Од друга страна, медузите имаат „некој“ нервен систем што ги прави покомплексни од вирусите, и според твојот начин на дефинирање „посвесни“. Ама научно земено, СВЕСТ е збор без значење, не е одделен ентитет, да не се повторувам. Еве, ќе ти го поедноставам.
Една точка може да иде само напред = вирус
Две точки може да идат напред и назад = покомплексна форма на живот
Три точки одат напред назад и горе....
Нашиот мозок е 100000000000000000000000000000000 точки и може да извршува различни комплексни варијабили...
Од човек до човек, зависно од мозокот и неговата интеракција со околината имаш разлики од ментално хендикепиран до Мичиу Каку.
Овие, за да ти е полесно у муабет, може да ги гледаш како различни точки во спектрумот на „свеста“ кои почнуваат од 0 и завршуват со неограничено, кадешто неограничено би била комплексна форма која ги опфаќа сите варијабили и е поразвиена од нашиот мозок моментално....ама тоа е само ЗА МУАБЕТ.
Свест како збор, нема емпириско значење.