Сепак тоа што го сакаше Оберин на некој начин го сакавме и најголемиот дел од нас.
Прво да биде скинат The Mountain, не заради некоја желба за одмазда каква што имаше Оберин заради сестра му, ние не сме го виделе тој момент, туку заради тоа што Планината го правеше у серијава. Сепак тој, односно негово дело, rape and murdering the Riverlands го натера Нед Старк кога беше Hand of the King да побара Gregor да биде убиен заради неговите злодела, и со тој акт ја почна војната.
Второ, она побитното што го сакаше Оберин и што и ние го сакавме, Тајвин да биде ставен конечно во незавидна ситуација, да биде обвинет дека он го нарачал убиството на Ellia, индиректно со тоа да му се влоши политичката состојба и Ланистерс да го почнат падот.
Али Оберин најверојатно успеа да го направи само првото, да ја одмазди сестра му со убивање на Планината, но не и второто, да го стави Тајвин како директен кривец за тоа, аналогно и Ланистерс. Мислам дека сепак Планината ќе подлегне на отровот (нели копјето на Оберин е обложено со отров, не за џабе беше Red Viper)
*** и дека тоа ќе биде мала утеха за шокот кој го доживеавме. Секако голема утеха би било евентуално спасување на Тирион.
*** Тука пак епизодата вриеше со оние „најавувачки“ реплики кои мислиш дека се безвеза ставени.
Пример, никој друг туку братот на The Mountain, кучето на Арја и кажа како тоа отровот е женско оружје (Red Viper) а правите момци се борат со челик (The Mountain).
После тоа и реликата на Тирион кон Оберин: Можеш барем шлем да облечеш...
Епизодава беше епска, може да се стави во кругот на Rains of Castamere, каде што последниот чин заради неговата јачина ги потисна во втор план останатите дешавки, кои беа големи и преважни за идниот тек на серијалот.
11/10.