Верувам, во Единиот Бог, Отец, Седржител, Творец на Небото и на земјата, на се видливо и не видливо.
И во Единиот, Господ, Исус Христос, Син Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови. Светлина од Светлина, вистински Бог од Бога роден, несоздаен, Едносуштен на Отецот преку Кого се станало.
Кој заради нас, луѓето, и заради нашето спасение, слезе од небото и се овоплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек.
И беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат пострада и беше погребен.
Воскресна на третиот ден, според Писмото.
Се вознесе на небо и седи оддесно на Отецот.
И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите и неговото Царство не ќе има крај.
И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отецот, Кого заедно со Отецот и Синот Го славиме и Му се поклонуваме и Кој говорел преку пророците.
Во една, света, соборна и апостолска Црква.