Хм не ми се верува за Лампард. Добро придонесот не му е како претходните сезони но Френк е играч кој е голем мотиватор и самото негово присуство е од големо значење за тимот. Со 35 год неможе да помогне во сите утакмици но може во оние побитните.
Ако си отиде а се надевам дека нема да си иде, ќе фали многу како на играчите така и навивачите. Без разлика дали е во форма, физички спремен, повреден или не Френк заслужува да има доживотен договор (додека му трае фк кариера), а доколку одлучи и понатаму да се бави со некоја тренерска функција треба да му се понуди место во управата на Челзи.
Толку ако замине сега, оваа вест ќе биде удар бр 1 одкако навивам за Челзи.
Поболна и од отказот на Мурињо, продавањето на Мата, заминувањето на Дрогба.