Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Момци, да ми препорачате од каде во Скопје да купам филтер за клима и филтер за уље за Сеник 1.9 dci ?
 
Сакам да земам кола од Бугарија. Имам две прашања.

1. Колку е царина за Меган 1.9. 131 коња 2009 година?
2. Слушнав дека бугарите правеле некои фори, ти давале фалц документи за колата и на граница кога ќе стигнеш ти викаат дека е крадена и дека документите не се оригинални...некој да слушнал нешто вакво???
 
Царина неможе никој да ти каже,пошто се гледа во тој специјален каталог..Да прашаш некој што царинел приближно иста кола како оваа..Бугари како бугари,отвори си очите,или незнам дали да ја однесеш во полиција таму да ја проверат по број на мотор и шасија..Незнам ни дали ќе ти дозволат..[DOUBLEPOST=1401199699][/DOUBLEPOST]
Момци, да ми препорачате од каде во Скопје да купам филтер за клима и филтер за уље за Сеник 1.9 dci ?

Де бе па ти,во секоја продавница за автоделови има секакви филтри..За воздух филтерот нека ти биде Хенгст,тие демек најдобри се,а за масло,еми тури таму некој за 3-4 стотки,филтер како филтер,потрошен материјал е..Ако ги брка работи,Лукена посети ги,кај саемот имаат продавница,едни од најефтините се..Мада ако живееш во Ѓорче пример,не ти се ни исплаќа да идеш.
 
Момци, да ми препорачате од каде во Скопје да купам филтер за клима и филтер за уље за Сеник 1.9 dci ?
Процит се викаше продавницата кај што купував филтри и масла за Пежото, додека го имав, тие имаа за сите француски возила.Тоа се наоѓа спроти Веро(Џамбо).
 
Момци, да ми препорачате од каде во Скопје да купам филтер за клима и филтер за уље за Сеник 1.9 dci ?
во населба лисиче, спроти полицијата, ако доаѓаш од центар, ке влезеш десно во една од улиците, возиш до крај и излегуваш на улица што вози паралелно со главната улица. прашај некој кај се наоѓа ФИЛТО. тоа е во куќа во сутеренски дел еден побајаги голем магацин. специјализирани се само за филтери. има буквално за сите возила и не ретко има и избор со кој квалитет сакаш да биде.
 
На колку време се препорачува замена на филтерот за гориво?(се работи за Ауди А4 1.9ТДИ 98 ма година)...
 
На колку време се препорачува замена на филтерот за гориво?(се работи за Ауди А4 1.9ТДИ 98 ма година)...

25-30 000 Километри. Без разлика за кое возило станува збор. Јас го менам на секое второ менење масло. Да ми е мирна главата. Последен пат кога менував немаше капка вода или гнасотии во него. Чист беше како солза, ама му дојде времето. :-)
 
На колку време се препорачува замена на филтерот за гориво?(се работи за Ауди А4 1.9ТДИ 98 ма година)...
Па зависи каков е квалитетот на филтерот со оглед дека во МК има многу фалсификати авто-делови затоа најубаво на 10 000 км да менуваш и на раат ќе си инаку и јас имам Ауди А4 1.9 ТДи од 2003 год. и јас си направив така и на раат сум.
 
Дечки да ве прашам нешто. На видеово
на 0:13 кога ќе даде контакт се палат некои сијалички кои потоа се гасат после неколку секудни. Лево на видеово има четири светла и последното е кола со клуч. Направен е сервис на колата, сменети се затегачи, каиши, масло. Пред да биде ова сменето сијаличката се палеше и гасеше ко што треба, а сега не се гаси се додека не ја запалиш колата. Лошо ли е тоа и има ли начин да се среди?
 
Toa e verojatno sijalickata za kodirano palenje. Ako si pali i raboti kolata vo red i se gasi sijalickata koga ke zapali nemaj gajle. Ako e nesto rasipano kaj kodiranoto palenje sijalickata ke sveti ili ke trepka megju voznja i kolata ili nema voopsto da saka da zapali, ili ke zapali pa ke gasi ili secka posle nekolku sekundi.
 
Чим не е страшно добро е :) Фала ти
 
Дечки каде во Скопје - Куманово е најсигурно да се купи моторно масло.
Подобро нека чини 1000 - 2000 ден повеќе ама да е сигурно дека нема да го заебе моторот.
 
Па зависи каков е квалитетот на филтерот со оглед дека во МК има многу фалсификати авто-делови затоа најубаво на 10 000 км да менуваш и на раат ќе си инаку и јас имам Ауди А4 1.9 ТДи од 2003 год. и јас си направив така и на раат сум.

многу е и тоа... максимум на 2.000 километри мењај го...

ало бе... филтер за нафта се менува (фабрички декларирано) помеѓу 80 и 90.000 километри. кое сигурно какви бакрачи го барате на 10 да мењате филтер за нафта... само пари фрлате... филтерот за нафта ако е чкарт ке направи проблем на моторот (поточно на дизните за гориво) а не дека почесто треба да го мењаш. тој ако прави проблем прави и да го мењаш истиот на на 50к и на 10к исто ти е, ништо нема да смениш...
 
Колку би ме чинел зглоб на кола сеат ибица 2009 година да не знаете се случи негден кај 1 саат наеднаш кога тргнав ударив со лева гума предна во шахта пропадната не многу ама сепак има како дупка и изодив 500 метри и кога убацив во прва за да тргнам неќеше по се изгледа е зглоб.А можно е и да е напукнат и држачот на моторот поради тоа што еднаш е удрена директно во камен колата картер и тиа работи се сменети и држачите тогаш се варени.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom