Макарска

Бил некој во Макарска лани, да каже како се цените за исхрана, то е мислам најбитно, пошто сместување и пат горе-долу е одредена цена, нема што многу да калкулираш, останува храната да знаеме како се движи за да може да се планира буџет. Пример колку пари би требале за 7 ноќевања/8 дена, отприлика.
 
Во Макарска цените се од прилика како во рестораните во центар на Скопје.
Обичен ручек за двајца пример риба, јагнешко или пилешко месо со салата и пиење околу 25 евра. Секогаш се зема повеќе, 40-50 евра од ден за едно лице ако сакаш да не се стискаш за јадење и пиење.

Јас ова лето планирам да одам во Корчула ме интересира дали некој е бил на ова место?
 
Ме интересира дали е добро место за помлади... Дали има забави денски по плажи , навечер за излегување ?
 
Како е ситуацијата за наоѓање смештај таму дали е проблем бидејќи некако по агенциите слабо имаат понуди?
 
Како е ситуацијата за наоѓање смештај таму дали е проблем бидејќи некако по агенциите слабо имаат понуди?
Како и во секое туристичко место кај и да е ќе најдеш некоја соба веројатно,па макар и на слепо отишол.
 
дали некој има одено преку албанија за хрватска и да вози покрај море и какво искуство имате?
 
Бил ли некој лани во Макарска да каже најпресни искуства. Ме интересира бидејќи лани како шо знам влегоа во Евопска Унија, па какви се цените за храната, кафето по плажите итн...
 
Бил ли некој лани во Макарска да каже најпресни искуства. Ме интересира бидејќи лани како шо знам влегоа во Евопска Унија, па какви се цените за храната, кафето по плажите итн...
скапо ... посебно овошје по маркетчињата ...
 
А Дали некој бил со овие агенцииве наши кои нудат за 179 евра негде сместување и превоз за седум ноќевања.Какви се сместувањата? Пишува дека за кујна се доплаќа, кујната ваљда заедничка е? Ако има некој искуство со нашиве агенции нека сподели.
 
Отприлика грубо, дневно за храна колку се троши ако еднаш јадеш в ресторанче?
Во Конзум на пример (кој ти е малце поскап од другите ланци маркети,но го има насекаде и обично има поголем избор), кило лубеница по редовна цена 50-55 денари, компир околу 30-35 денари.
 
Ај кажете ми отприлика за nightlife у Макарска како е? И дали е вака за помлади сингл момци ко мене :P
 
имам картичка од Tele2 со 100 бесплатни пораки, ако има некој што ќе оди во хрватска и е заинтересиран нека ми пише, ја давам за 400 денари. не знаев каде да го пишам ова, па еве тука бидејќи оваа тема е најактивна во делот за хрватска.
 
има ли некој што бил оваа година во Макарска да каже цени ова она?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom