Одиш преку Косово-Албанија автопатот и влегуваш некаде после Скадар во Црна гора. Оттаму фаќаш приморска рута Бар - будва и после тоа ако сакаш малку да кружиш можеш преку Котор за Херцег Нови, ако не, одиш до тиват и имаш траект да го сечеш заливот и пак до Херцег нови. Оттаму фаќаш граница ЦГ-Хрватска. Тука малку скршнува патот во континентален дел се` до Цафтат и Дубровник. Од Дубровник фаќаш патот за Плоче (отстана ќе почнат да се појавуваат островите, Мљет Корчула, Хвар, Брач. После некаде кај Брач ти е Макарска.
Некои 700 - 800 километри би требало све да фати. Се сеќаам од Котор коа идев за Брач (преку Сплит), патот беше малте не исто толку долг колку Скопје - Улцињ. За Макарска е сигурно пократок пошо временски се губи на траектот за брач по час.
Препораки, коа веќе го фаќаш овој пат, не е лошо да застанеш во Дубровник и Цафтат. Истотака ако идеш во Макарска на подолг престој посети го Сплит и некој од островите. Едно од најубавите патувачки искуства.
Фала
