Radiohead

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261

aaaaaaaaaaaaa aaaaaaaa @Pluh од која епизода е овоа? Шо не си кажал тука?!
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286

кој сака да си ја свири Видеотејп:
http://www.onlinepianist.com/virtual_piano/
(копчиња на тастатура):
9+C
9+D
9+S два пати

P+C
P+D
P+S два пати
^цело ова со P^ два пати
без ниските ноти зашто толку дозволуваат онлајн инструментите

имате за друга песна и друг инструмент? ае некој од музичарите што ги разбираат нотите и ги знаат РХ песните нека помогне :)
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
236
Поени од реакции
422
Многу ме интересира од што толку тагуваат? Полни ко брод со пари, комерцијални, си го фураат бизнисот супер, а овде се просераваат колку им е тешко, мачно. Бре, бре! Што не се убие пејачот ако толку му е тешко во животот, што не се обеси? Што прават тогаш концерти, турнеи ако се цело време нешто во депресии, курци , палци? Изгледа не влегле они во болница кај што лежат луѓе на дијализа болни од канцер, бубрези и еден куп други што страдаат од инвадилитет, психички болести, али битно на овие им е тешко навистина. Денес колку повеќе пишуваш мрачни текстови коишто ни самите не ги разбираат што сакаат да кажат тогаш се нешто као демек поголеми уметници.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864

Глуп ти е коментарот и споредбата :)
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
236
Поени од реакции
422
Глуп ти е коментарот и споредбата :)
Не ми е глупа споредбата воопшто. Јас станувам со 300 пати поголеми проблеми во животот од тие на Рејдиохед, а дури носам и тешко болна личност на грб, па не плачам и жуљавам колку ми е тешко. Што му е на него тешко? Тоа што се наголтал разни опојни супстанци, па незнае што пишува во текстот? Не се секирај друже, тој да пател од депресија и анксиозност не би се ни мрднал од кревет со месеци и години, а не па да иде на турнеи, да снима албуми, спотови, да си води приватни бизниси и слично. Им се исушил тој мозок од дрога земање.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Текстовите не мора да се лично за нив. Текстовите исто така можат да бидат за настан од нивното минато, кога животот им бил на дно.
Дури и во целата таа популарност и богатсво, човек пак може да има проблеми. Не финансиски се разбира. Но секогаш можеш да изгубиш близок човек, секогаш можеш да се разболиш со тешка болест, секогаш можат да те фаќаат депресии, посебно кога го поминуваш скоро цело твое време патувајќи на турнери. Може немаат време да си ги видат децата. Доста претпотавки и набројувања...
Споредување проблеми е многу глупа работа, зашто секој различно си го толкува интезитетот на проблемите. Твојот здраствен проблем друг може сака да го замени во секој момент со некој тежок психички проблем што го носи од рана возраст. Некои луѓе би ги замениле сите болести на светов за да си видат близок човек (што веќе не можат) бар на една минута.

Кој си ти да му замеруваш на човекот како си ги доживува проблемите? Да им се мери стрес левел на јак, издржлив човек со рак и разгалено дете што се нервира оти го нема најновиот ајфон - ќе им биде ист. Иако очигледно е најглупата споредба ова и ракот е објективно потежок проблем, луѓето исто ги доживуваат со стресот.

Зошто да не оди на турнеи ако е во депресија, кога песните баш им се такви - депресивни. Со такви емо песни луѓето си ги истураат стресовите, се пронаоѓаат во нив, се „прочистуваат“ од проблемите...
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.642
Поени од реакции
31.864
Не ми е глупа споредбата воопшто. Јас станувам со 300 пати поголеми проблеми во животот од тие на Рејдиохед, а дури носам и тешко болна личност на грб, па не плачам и жуљавам колку ми е тешко. Што му е на него тешко? Тоа што се наголтал разни опојни супстанци, па незнае што пишува во текстот? Не се секирај друже, тој да пател од депресија и анксиозност не би се ни мрднал од кревет со месеци и години, а не па да иде на турнеи, да снима албуми, спотови, да си води приватни бизниси и слично. Им се исушил тој мозок од дрога земање.
А оти да не прајме муабет за темперамент пример :) Мора да е болест? Имаш лица со меланхоличен темперамент, а темпераментот е наследна особина. Башка погоре анксиозноста што ја спомна, која може да е неодреден страв или чувство на тегоба, нешто дека ќе се случи што ќе биде тешко опасно. Па чувствуваш немир, непријатност, незадоволност. Се се тие работи на психологијата кои можеме само да ги нафрлиме и предвидиме но друг ми е муабетот.
Веројатно и сам си свесен или си дошол некогаш до заклучок околу некоја вештачка, исфолирана работа која ти збодила очи. Обично истата лесно се препознава дека е префорсирана. Во бендов се пронашле многу чоеци, природно се пронашле, а оние кои се пронашле голема е веројатноста и да им постани омилен бенд, не оти им се глуми, туку оти ете, ги слушаат, се исклучуваат, им доловиле некоја состојба како ниту еден друг бенд, доживуваат некоја внатрешна исполнетост и така натака. Секој човек носи одредена тага со себе, па макар и најсреќен да бил на целиот свет.

Бендов се мајстори на тоа што им е занает, склоп на музичари кои со сигурност ќе остават трага во овој период, онаква како оние класичните рок бендови 50 години наназад, која ќе има влијание во 2050та да речеме :)

A jaс ги сакам зато шо ми создава состојба во која за момент чувствувам присуство на мртво лице, онака ми го лажа разумот ко да е тука. И тој млад замина, од болест......но животот продолжува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom