И јас сум патувал низ стариот пат , и тоа со автобус ноќе, што викаш да беше дење ќе беше хорор, вака барем ништо не се гледаше, освен светлата на некое село таму доле ахаха, се качуваше нагоре како за во Месечина да бевме тргнати, ни препреки не гледав, мала грешка и отиде.пред 8 години сум ја возел старата делница Елбасан-Тирана преку планината.Возев ноќе бидејќи дење треба доста храброст или лудост за да се вози
Ставиле сега препреки, ама што ќе држат тие бе.И јас сум патувал низ стариот пат , и тоа со автобус ноќе, што викаш да беше дење ќе беше хорор, вака барем ништо не се гледаше, освен светлата на некое село таму доле ахаха, се качуваше нагоре како за во Месечина да бевме тргнати, ни препреки не гледав, мала грешка и отиде.
Сега тој пат ќе остане за авантуристите, мислам дека истовремено и стариот пат е реконструиран.
Посебно Србија за едно 15-20 години..Одлично.Од ова ќе има корист цел Балкан.
Тоа е оној патот кај што место банкини има мермерни споменици од тие што загинале?Ставиле сега препреки, ама што ќе држат тие бе.
Сум патувал и дење и ноќе, ептен авантуристички е. Освен тоа кога знаеш дека си во рацете на друг човек (возачот)...
Браво.....Израдбата на автопатот Приштина-Блаце ќе почне на почетокот од 2014та
Америчко-турскиот конзорциум Бехтел-Енка даде понуда од 500 милиони евра за изградба на автопатот , како и друга опција од 600 милиони евра , а во кој ќе биде вклучен и тунел кај Качаник.
Бехтел-Енка е конзорциумот кој го градеше автопатот од границата со Албанија до излезот на Приштина. Досега се изградени 61км , со што Приштина е автопатски поврзана со Албанија (Тирана-Драч).
Последниот дел ќе биде завршен до крајот на оваа година, а вредноста ќе надмине над 600 милиони евра.
Косово после војната вложи многу инвестиции во патната инфраструктура , но во април 2010та започнаа со изградбата на автопатиштата, па во рекордно време ги завршуваат.
Намерата им е сите краеви на државата да ги поврзат со автопатишта , па така и магистралните патишта ќе се претворат во автопатишта. (Приштина-Митровица , Приштина-Пеќ)
Тој што иде кон Вучитрн ќе се претвори во автопат, се работи на терен, нема да биде брзо како останатите , но ќе заврши.Браво.....
Иначе патот Приштина - Митровица ќе стане автопат тој што иде низ Вучитрн или тој што иде источно од градот ?
Џабе се радуете. Ако има нешто нафта, тие кои треба го дознале тоа на време. Затоа сега ве држат за муда, а Албанија од нафтата ќе профитира отприлика толку, колку што денес демократска Либија профитира.