Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
синоќа сум сонувал да освојуваме ЛШ ..и не знам како,сум се нашол јас да го дигам пехарот хахах :D:vozbud:

чуството е ВАУУУ! :pos:

резултат 3-0 иначе XD
 
Предавникот нов тренер на овие од каталонија . Уф каква атмосвефа ќе има на Бернабеу кога ќе се игра Ел класико . Иначе аку е предавник му посакувам да продолжи онаму каде што застана Тата , и да го има истиот успех :D
 
105.jpg
 
Икер
Карвахал - Пепе - Рамос - Коентрао-
Модриќ - Асиер - Ди Марија
Иско
Бејл - Роналдо
Доколку Бензема не биде спремен за игра.

Измени: Варан,Касемиро и Марсело после 80мин :)
 
Пепе скоро сигурно дека нема да се врати до финалето.
 
Ќе се врати Пепе, Бензема е понеспремен. Инаку никако без класична 9ка со овие. Никако Иско место Бензема, поубаво Мората би го играл.
 
денес прочиват дека сите ќе биле спремни...а и логично е..ќе им бутнат и инекции ако треба( као на менаџер,ако треба да се опорави за 4 дена,му ставаш инекција да игра,и после 10 дена не е спремен :D :D )
 
Иско неможам да го гледам јас. Некоја невозможна топка од невозможна ситуација ќе ја провни некако, а чиста играчот 2 метра до него ќе ја подај настрана. Не фала -.-
 
Пепе скоро сигурно дека нема да се врати до финалето.
Варан неможам да го гледам... Начо би го играл ако дојде до тоа Пепе да не е спремен. Ама прочитав дека душата ќе ја дадел да биде спремен
:)
 
Варан неможам да го гледам... Начо би го играл ако дојде до тоа Пепе да не е спремен. Ама прочитав дека душата ќе ја дадел да биде спремен
:)
Шо ти смета Варан? Шо му дозволи на Дрогба гол со пета да ни даде?
 
Шо ти смета Варан? Шо му дозволи на Дрогба гол со пета да ни даде?

Не е истиот од лани, од повредата. Да се надеваме дека Пепе ќе игра, ако не, тогаш да се надеваме дека ќе изигра како лани овој, ама не е многу за верување.
 
Пепе ако треба и без нога ќе биде,ама мислам дека ќе игра.... човекот во него има најмногу мадридизам од сите... после секој гол се радува ко луд....сите ќе играат..прашање е само дали добро ќе изиграт..
Карло изјави дека ќе имал некој мотивациски говор и видео за играчите.. :D :D[DOUBLEPOST=1400683033][/DOUBLEPOST]во 9тата ЛШ:

Касиљас започна како замена, заврши како херој. Имаше само 20 години. Веќе ја имаше освоено Octava. Во Глазгов започна на клупата а заврши на голот со клучни одбрани, по повредата на Цезар.

Диего Лопез се калеше во Алкоркон во Сегунда Б. Имаше 20 години. Беше на позајмица во Алкоркон од Реал Мадрид Ц, откако потпиша во клубот 2 години порано.

Хесус ги правеше првите чекори. Имаше само 13 години. Играше тогаш во една младинска екипа од Мадрид, Адарве дел Барио де Пилар.

Арбелоа стигна во Реал Мадрид. Имаше едвај 19 години. Во сезоната 2001-2002, се инкорпорираше во кантерата на Реал, откако дојде од Сарагоса.

Карвахал ја пополнуваше беквската страна во Леганес. Имаше 10 години и играше за младинската екипа Леманс од Леганес, иако му остануваше уште малку пред да се иснкорпорира во Мадрид.

Рамос играше во кадетите на Севиља. Имаше 16 години. Капарош веќе го имаше забележано неговиот талент и го подготвуваше за деби во Примера. Дебитираше само една година подоцна.

Пепе го привлече вниманието на Маритимо. Имаше 19 години и играше во Маритимо во Португалија. Со тоа го привлече вниманието на Порто, кој го доведе во своите редови некоја година подоцна.

Варан играше во младинската екипа во својот град. Имаше само 9 години. Ги играше првите натпревари за Хелемес од Лил. Летото во таа 2002-ра година, Ленс веќе го инкорпорираше во своите редови.

Начо веќе беше во La Febrica. Имаше 12 години. Веќе го започна својот пат во младинските категории на Реал.

Коентрао беше во кантерата на Рио Аве. Имаше 14 години. Играше во пониските категории на Рио Аве, од каде што замина во Бенфика.

Марсело играше за Флуминенсе. Имаше 14 години и веќе беше ангажиран од скаутите на Флуминенсе во младинските категории.

Чаби Алонсо веќе беше познат во Реал Сосиедад. Имаше 20 години, а веќе 2 ипол години играше со баскијската екипа, со која дебитираше во Копа во 1999-та година.

Кедира беше ветеран во кантерата на Штутгард. Имаше 15 години. Во 1995-та година влезе во кантерата на клубот, а веќе во 2005-та дебитираше со првата екипа.

Модриќ потпиша за Динамо Загреб. Имаше 16 години. Динамо го инкорпорираше во своите редови и веднаш го позајми во Мостар, каде што дебитираше во првата лига во август 2003-тата.

Ди Мариа беше блиску до дебито со Росарио. Имаше само 14 години. Играше во младинските категории на клубот од родниот град, Росарио Централ, а само 2 ипол години подоцна дебитираше во првата екипа.

Касемиро се инкорпорираше во Сао Пауло. Имаше 10 години. Сао Пауло го забележа неговиот талент и го доведе во своите категории.

Иљараменди се инкорпорираше во Реал Сосиедад. Имаше 12 години и пристигна на Зубиета во младинските категории на Сосиедад.

Иско правеше магии во Атлетико Бенамиел. Имаше 10 години и беше дете на своите почетоци во својата локална екипа.

Кристијано беше пред деби со Спортинг. Имаше 17 години. На 14, август 2002-ра година дебитираше против Интер во дресот на Спортинг.

Бејл го комбинираше фудбалот со атлетиката. Имаше 12 години, играше во Саутемптон и носеше дресови од Зидан на тренингот. Исто така партиципираше во атлетски трки.

Бензема беше во академијата на Лион. Имаше 14 години и Лион го контролираше. Дебитираше во првата екипа 3 години подоцна.

Мората даваше голови во локалната екипа. Имаше само 9 години и играше во неговото училиште Ел Прадо.

Хесе играше во Пилар де Лас Палмас. Имаше 9 години. Веќе беше ѕвезда во својата локална екипа.[DOUBLEPOST=1400683172][/DOUBLEPOST]а јас дома со татко ми се радував на голот на зидан,и после 3 дена си купив дрес Зидан и бев главен фраер у маало :D
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom