Пепе ако треба и без нога ќе биде,ама мислам дека ќе игра.... човекот во него има најмногу мадридизам од сите... после секој гол се радува ко луд....сите ќе играат..прашање е само дали добро ќе изиграт..
Карло изјави дека ќе имал некој мотивациски говор и видео за играчите..

[DOUBLEPOST=1400683033][/DOUBLEPOST]во 9тата ЛШ:
Касиљас започна како замена, заврши како херој. Имаше само 20 години. Веќе ја имаше освоено Octava. Во Глазгов започна на клупата а заврши на голот со клучни одбрани, по повредата на Цезар.
Диего Лопез се калеше во Алкоркон во Сегунда Б. Имаше 20 години. Беше на позајмица во Алкоркон од Реал Мадрид Ц, откако потпиша во клубот 2 години порано.
Хесус ги правеше првите чекори. Имаше само 13 години. Играше тогаш во една младинска екипа од Мадрид, Адарве дел Барио де Пилар.
Арбелоа стигна во Реал Мадрид. Имаше едвај 19 години. Во сезоната 2001-2002, се инкорпорираше во кантерата на Реал, откако дојде од Сарагоса.
Карвахал ја пополнуваше беквската страна во Леганес. Имаше 10 години и играше за младинската екипа Леманс од Леганес, иако му остануваше уште малку пред да се иснкорпорира во Мадрид.
Рамос играше во кадетите на Севиља. Имаше 16 години. Капарош веќе го имаше забележано неговиот талент и го подготвуваше за деби во Примера. Дебитираше само една година подоцна.
Пепе го привлече вниманието на Маритимо. Имаше 19 години и играше во Маритимо во Португалија. Со тоа го привлече вниманието на Порто, кој го доведе во своите редови некоја година подоцна.
Варан играше во младинската екипа во својот град. Имаше само 9 години. Ги играше првите натпревари за Хелемес од Лил. Летото во таа 2002-ра година, Ленс веќе го инкорпорираше во своите редови.
Начо веќе беше во La Febrica. Имаше 12 години. Веќе го започна својот пат во младинските категории на Реал.
Коентрао беше во кантерата на Рио Аве. Имаше 14 години. Играше во пониските категории на Рио Аве, од каде што замина во Бенфика.
Марсело играше за Флуминенсе. Имаше 14 години и веќе беше ангажиран од скаутите на Флуминенсе во младинските категории.
Чаби Алонсо веќе беше познат во Реал Сосиедад. Имаше 20 години, а веќе 2 ипол години играше со баскијската екипа, со која дебитираше во Копа во 1999-та година.
Кедира беше ветеран во кантерата на Штутгард. Имаше 15 години. Во 1995-та година влезе во кантерата на клубот, а веќе во 2005-та дебитираше со првата екипа.
Модриќ потпиша за Динамо Загреб. Имаше 16 години. Динамо го инкорпорираше во своите редови и веднаш го позајми во Мостар, каде што дебитираше во првата лига во август 2003-тата.
Ди Мариа беше блиску до дебито со Росарио. Имаше само 14 години. Играше во младинските категории на клубот од родниот град, Росарио Централ, а само 2 ипол години подоцна дебитираше во првата екипа.
Касемиро се инкорпорираше во Сао Пауло. Имаше 10 години. Сао Пауло го забележа неговиот талент и го доведе во своите категории.
Иљараменди се инкорпорираше во Реал Сосиедад. Имаше 12 години и пристигна на Зубиета во младинските категории на Сосиедад.
Иско правеше магии во Атлетико Бенамиел. Имаше 10 години и беше дете на своите почетоци во својата локална екипа.
Кристијано беше пред деби со Спортинг. Имаше 17 години. На 14, август 2002-ра година дебитираше против Интер во дресот на Спортинг.
Бејл го комбинираше фудбалот со атлетиката. Имаше 12 години, играше во Саутемптон и носеше дресови од Зидан на тренингот. Исто така партиципираше во атлетски трки.
Бензема беше во академијата на Лион. Имаше 14 години и Лион го контролираше. Дебитираше во првата екипа 3 години подоцна.
Мората даваше голови во локалната екипа. Имаше само 9 години и играше во неговото училиште Ел Прадо.
Хесе играше во Пилар де Лас Палмас. Имаше 9 години. Веќе беше ѕвезда во својата локална екипа.[DOUBLEPOST=1400683172][/DOUBLEPOST]а јас дома со татко ми се радував на голот на зидан,и после 3 дена си купив дрес Зидан и бев главен фраер у маало
