Мајката и најблиските роднини на 18-годишното момче кое нешто пред 18 часот
беше убиено во скопската населба Ѓорче Петров, пред малку пристигнаа на местото на убиството, каде што мртвото тело на тинејџерот сè уште лежи на скалите на очната болница во населбата.
Плач и лелеци се слушаат од неговата мајка, кој наведната над телото на мртвиот син, извикува: „Оф леле ми го заклаа ангелот“.
Брзо по убиството, 500-600 граѓани од населбата се собраа и го блокираа патот. Тие не им дозволуваат на новинарските екипи да пристапат, а избркаа и една полициска патрола на Алфи, која се обиде да ги смири. Пред малку од револт почнаа да ги палат и контејнерите кои се наоѓаат во близина.
Нешто пред 18 часот тројца крадци од соседните села ограбувале велосипеди. Во еден момент момчето ги забележало како му го украле велосипедот, па заедно со татко му потрчал за да ги стигне. Точно пред очната болница во Ѓорче Петров, сега мртвото момче, кое пред неколку дена славело матура, успеало да ги стаса и да собори еден од нив на земја. Токму тогаш тие го нападнале со ножеви и со секири, со што му задале смртоносни повреди, по што побегнале.
Неофицијално, еден е уапсен, а познат е идентитетот и на другите двајца.
Скопската полиција која има испратено бројни сили на местото на убиството, но ги има блокирано и сите патишта кои водат кон Ѓорче Петров, од сите правци, извести дека пред 18 часот три момчиња од соседните села крадела велосипеди од населбата Ѓорче Петров.
Предмалку на местото каде се случи трагедијата пристигна и градоначалникот на Ѓорче Петров, Сокол Митровски, кој се обиде да ги смири граѓаните, но тие не сакаат да разговараат со него.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо
Не било дозволено...Нека ме приведат сега мене.