НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
ne mu go posakuvam ova na nikogo so im se desi na OKC ali jebes....
 
Кој малер се ОКС. Лани Вестрбук, оваа сезона Ибака. Ќе гледавме доста интересна серија, ама вака се ми се чини Сан Антонио ќе се прошета. Ибака е многу важен дел од ОКС, пред се во одбраната. Со Перкинс, Адамс и Колисон во ротација не се може против високите играчи на Сан Антонио. Веројатно ќе гледаме многу small ball со Дурант на 4ка, во напад тоа ќе функционира добро, ама во одбрана ќе имаат големи проблеми. Наместо изедначена серија, сега Сан Антонио е огромен фаворит.
 
како тоа @dragonsky уште те нема цитирано за Вашонгтон :D
Не ја пратам темава 100% а и немав некое мислење за Визардс очекував да отпаднат од Пејсерс, немаат искуство они за да се носат со Пејсерс.

Од друга страна ако алудираш зошто го цитирав за Хокс, тоа беше пошто реков дека Хокси не треба да биде потценети а Стефан и уште некој ме направија како да сум пишал "Не ги отпишувајте Кожув против Мајами" :D
 
Не ја пратам темава 100% а и немав некое мислење за Визардс очекував да отпаднат од Пејсерс, немаат искуство они за да се носат со Пејсерс.

Од друга страна ако алудираш зошто го цитирав за Хокс, тоа беше пошто реков дека Хокси не треба да биде потценети а Стефан и уште некој ме направија како да сум пишал "Не ги отпишувајте Кожув против Мајами" :D

за Хокс мислев :D
 
огромен напредок имаше сезонава, од хајлајт играч полека прераснува во лидер на тимот

штета што не поминаа Клиперси многу подопадливо за око играа од Тандер, Док одлично ги спреми, акциите им беа одлично смислени плус Пол како плејмејкер

играта им беше :drk:

денес од 9:30 на Спорт клуб 2 Мајами-Пејсерс
 
Анализа за конференциските финалиња . Индијана - Мајами овде ќе биде жестока и долга серијата и најверојатно ќе има 7 натпревар одлучувачки во Индијанаполис . Малку изненадувачки но повеќето аначитичари од САД предвидуваат победа на Мајами во 6 натпревари , а помалку аналитичари предвидуваат Мајами да игра во серијата и 7 натпревар , и јас ќе бидам еден од ретките и предвидувам 7 натпревар во Индијанаполис . Би сакал Индијана да ја добие серијата добро играат и имаат солиден тим и игра за Мајами , фатија форма за најбитниот дел од плејофот . Во серијата Батие веројатно нема многу да игра за Мајами , против него имаат против игра Пејсерси и лани тој не се наигра против Пејсерси , добро го затвораат неговиот шут за три поени и Батие не е воопшто корисен со шутевите за 3 поени против Индијана , Батие од клупа само може ќе добие некоја минута . Вечер Хазлем ќе биде најверојатно стартер и тој ќе оди во одбрана на Хиберт а Бош ќе се префрли во одбрана на Вест . Се ќе зависи во оваа серија од Вејд во Мајами , Леброн Џејмс и онака ќе си дојде до своите поени каква и да играат одбрана на него Пејсерси Леброн секако ќе има просек во серијата околу 27-28 поени по натпревар едноставно има добар шут и не форсира со шутот кога не му оди туку асистира и стрпливо чека време во натпреварите за да шутира , не е како други звезди веднаш да шутира како мува без глава . Леброн до овој просек на поени ќе си дојде во серијата било да е тоа преку шут од игра или слободни фрлања . Вејд во серијата ќе биде клучот на Мајами , а верувам дека неговите колена се во добра кондиција и ако затреба тој може да стисне гас во играта . Треба да се игра цврсто на Вејд во одбрана и да не му се дозволи да се размавне во напад , што помалку поени треба од Вејд да се примаат , ако примаат 15-16 поени по натпревар од Вејд имаат шанси Пејсерси , ако примаат 20 и повеќе поени од Вејд по натпревар шансите се минимални за Индијана . Индијана мора кога секогаш на терен ќе биде Реј Ален нападите да ги води преку него колку и да е тој искусен мислам дека тој е најслабиот дефанзивец во Мајами и мора константно да се напаѓа Ален и да се присилува да греши Ален и да прави лични грешки со други зборови да исфрустрира Ален во одбрана . Притисокот над Хиберт овојпат ќе биде голем , над него ќе се менуваат во одбрана Хазлем , Бош , Андерсон и Оден , а лани имаше неколку моменти кога Мајами одлично играше со Леброн како 4 Леброн одлично со тело го градеше Вест и Вест не можеше да прими топка под кош , против ова ќе мора Вест да се избори подобро во оваа серија . На позиција плејмејкер Мајами и Индијана се изедначени , на бек шутер за нијанса е Вејд подобар од Стивенсон , на 3 за нијанса е подобар Леброн , како што кај Мајами клучен ќе биде Вејд , така кај Индијана клучен ќе најстариот во старна петорка Вест кој ќе мора да го понесе товарот и да се избори во напад против повисокиот Бош бидејќи Бош ќе го чува Вест а Хазлем ќе го чува Хиберт . Кога сосема добро Хазлем понизок се справува со Хиберт и Вест иако е понизок ќе мора да се справи со Бош , под стартна петорка Вест ќе мора да повлече повеќе во серијата . Реално Мајами е со блага предност да ја добие серијата , имаат блага предност во стартна постава и подобра клупа , на секоја позиција имаат повеќе играчи , кај Пејсерс на клупа е послаба ситуацијата , Махинми може да послужи да блокира , Скола е х фактор но само да не влезе во проблеми со лични грешки , од Тарнер не знам што да очекувам . Како и да е цврста игра ќе има од двете страни , и извесно е многу зборување в на терен од Стивенсон кон некој играч на Мајами , и малку поени од контри за двете екипи . Не верувам дека првите 2 натпревари дома ќе ги добие Индијана , по еден натпревар ќе добијат Индијана и Мајами , битно е после Индијана да добие еден натпревар во Мајми и после одиграни 4 натпревари да биде 2-2 , со ова ќе има долга серија и би било сосема извесно дека ќе има 7 натпревар . Тешко е некој тим во плејоф против Мајами да добие 2 натпревари во серија па и да ги игра тие 2 натпревари дома . Тоа што го направија Бостон и Док Риверс во мај 2012 кога од 0-2 , добија 3 натпревари во серија со Мајами тоа тешко некој тим да го направи тој подвиг против Мајами повторно . Прогнозирам 7 натпревар во Индијанаполис и победа на Индијана .
Сан Антонио - Оклахома . Прогнозирам победа на Сан Антонио од 4-2 без оглед што 6 натпревар треба да биде во Оклахома тоа е небитно Индијана впрочем го доби Вашингтон на гости во 6 натпревар . Во Сан Антонио по 1 натпревар ќе добијат Сан Антонио и Оклахома , и во Оклахома исто по еден натпревар ќе добијат Оклахома и Сан Антонио , потоа дома во 5 натпревар Сан Антонио ќе поведе со 3-2 и во 6 наптревар во Оклахома Сан Антонио ќе ја затвори серијата . Без Ибака Оклахома не поминува во големо финале . Ќе изиграат добро Вестбрук и Дурент во серијата тоа нема дилема но тие двајца нема да бидат доволни за 4 победи против Сан Антонио . Видов утрово на фејсбук дека Дурент имал сезонава 26.3 поени просек сезонава со Сан Антонио и демек тоа му бил најслаб просек во регуларна сезона против било кој тим од НБА . Ќе му играат добра одбрана но Дурент ќе си има просек од 30 поени по натпревар во серијата . И Вестбрук ќе изигра добро против Паркер едноставно побрз е Вестбрук од Паркер и ништо чудно Попович да оди со Грин во одбрана на Вестбрук а Паркер да го чува Сефолоша кој и онака не е активен во напад . Да играше Ибака Оклахома можеше да го добие Сан Антонио со 4-2 , вака без Ибака ќе биде обратен резултат 4-2 за Сан Антонио . Перкинс е бавен , му треба цела вечност да закуца на кош , Адамс е слаб за Данкан , Адамс ќе направи лични грешки , а Колисон ќе го менува Перкинс од клупа . Дурент во серијата ќе игра еден дел и како 4 но тогаш за него ќе дојдат проблемите со појаките крилни центри од Сан Антонио .
 
Ајде една кратка анализа/прогноза и од мене:

Сан Антонио - Оклахома Сити

Имав намера да пишувам детална анализа за овој дуел, бидејќи според мене ќе го даде шампионот, но повредата на Ибака ги пореметува сите анализи кои може да се направат. Сан Антонио е во страшна форма, ОКС без Ибака нема да може да изржи одбранбено, Сан Антонио има предност од натпревар плус дома... Премногу работи одат во корист на Сан антонио и за жал ќе морам да ја променам прогнозата дека ОКС ќе ја освои титулата сезонава. Загубата на Ибака мислам дека ќе се покаже како поголема отколку што навидум изгледа, не може да се стигне до финале кога високите играчи ти се Перкинс, Адамс и Колисон, макар што нема да ме чуди ОКС случајно да открие некоја експозивна офанзивна постава (пр. Дурант, Вестбрук, Колисон, Батлер и Фишер или Џексон). Ама во одбрана немаат теорија да за запрат машинеријата на Сан Антонио со таа постава. Метла нема да добие ОКС, прејаки се Дурант и Вестбрук за тоа, ама мислам дека серијата максимум до 6 средби ќе тера.

мој тип: 4-1/4-2 за Сан Антонио

прогноза

Индијана - Мајами

Веќе со месеци, приказната е дека Индијана е далеку од шампионски тим и дека се чека секој момент да отпаднат. Но она за што ретко се зборува и е најдобро чуваната тајна во НБА сезонава е дека и Мајами не брилјира цела сезона и делува дека игра онолку колку што е доволно за да поминуваат понатаму. Дали ќе го подигнат значително нивото на игра во финишот ќе видиме. Можеме да зборуваме по позиции, стилови на игра, постави и како уште не да ги споредуваме Индијана и Мајами, но мој впечаток е дека серијата ќе биде решена на најтрадиционалниот кошаркарски начин - со скокови. Ако Мајами се одржи блиску во скок играта до Индијана, Пејсерси нема што да бараат. Ако Хиберт, Вест и компанија доминираат под обрачите по промашени шутеви, Индијана има реални шанси за конечен триумф. Знам дека сите прогнозираат триумф на Мајами, и разумот тоа го вели, но мене некако цела сезона ме држи некое претчувство дека Мајами ќе падне во конференциското финале од некоја од источите екипи со доминантни високи играчи. Очекувам долга серија, многу искри на теренот и битка до последен момент.

мој тип: 4-3 за Индијана, контра разумот.
 
Отиде интересното во утакмицава, масакр ги направија...
 
Одлична утакмица од Пејсерси, првата петорка им беше одлична денес. Ќе видиме, како што изгледа ќе биде интересна серија.
 
repriza od lani game 1 za indijana
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom