Uli Hoeneß
Präsident
- Член од
- 6 август 2010
- Мислења
- 14.562
- Поени од реакции
- 26.688
УЕФА предлага револуционерна казна за играчите кои прават прекршок

Еден од главните луѓе во европската судиска организација Пјерлуиџи Колина на состанокот на УЕФА во Торино предложи нов начин на казнување на играчот кој го повредил противникот.
Имено, Колина предлага играчот кој направил прекршок да се оддалечи од теренот толку долго колку што повредениот играч е надвор од теренот. Значи, повеќе нема да има ситуации едната екипа да биде со играч помалку додека му се укажува помош на повредениот играч.
„Ќе го предложиме тоа правило и се надевам дека во иднина ќе можеме да го отстраниме играчот надвор од теренот кој го повредил противникот. Сегашниот систем не е праведен, играчот кој ќе направи прекршок е само предупреден и останува на терен додека противникот игра со играч помалку. Ефективно тоа дава предност на другата екипа“, тврди Колина.
Според новото правило двајцата играчи истовремено ќе го напуштат теренот и истовремено ќе се вратат на него. За овој предлог ќе се расправа на следниот состанок на УЕФА следната година.
