- Член од
- 17 ноември 2012
- Мислења
- 4.549
- Поени од реакции
- 5.305
Гечевски, озбилно? Човекот не знае да сврзе два збора.. Не за џабе се буни Гечевски, не е луд човекот.![]()
Можда немаше многу разлика данаправи, и овака и онака ќе го донесеа законот, ама веќе кога ова прашање излегува на национална ТВ во вид на дебата со другата страна, абе прати таму некој зборлест парче да го направи дебелиот, па јас имав поише аргументи бе од Тоше, не заебавај. Штета Катерина што ја водеше емисијата што не збореше многу, 5-6 му постави прашање и баш онака у ќош го бутна.
Никакви валидни аргументи немаат овие за правилово, овој вика дека ради тоа што ќе се дозволело странци, ке се повлекле повеќе спонзори, мајко мила, жива глупост.

И другото беше младинците ќе учат од странците, ха.

Друга работа, дебелиот вика младинците се противат на ова правило ради авторитетот на постарите, а не дека стварно го мислат тоа. Нема да ме чуди ова со оглед на летаргичноста на нашава младина, ама сигурен сум дека не е така.
ЗОШТО младите играчи од сениорските состави на пример не се соберат да кажат дека не е така? КАДЕ СЕ? Нека удрат еден демант.
Ги прави БУДАЛИ, демек вие се противите дека така ви кажал Симиќ или Гечевски, а не дека уствари знаете за што е правилово.
Нека искочат со еден текст, имаш еден куп спортски портали, нека го потпишат сите, со фб-во ќе се рашири насекаде, плус јавноста е на нивна страна.
НЕКА НЕ СЕДАТ ТАКА И ДА ЧЕКААТ ОД ПОЛУПИСМЕНИОТ ГЕЧЕВСКИ ДА ИМ ГИ ОПРАВА РАБОТИТЕ, ТУКУ НЕКА ПРЕЗЕМАТ НЕШТО ВО СВОИ РАЦЕ, утре они ќе треба да играат, а не старциве што се бунат за правилото.
П.С. Навредиве кон Гечевски се чисто за изразувањето и тоа што се напнував кога го гледав како неможе да му контрира на она дебелоно.