Фан клуб - РК Вардар

Вардар имаше добра подготовка за она што го очекува следните десетина дена, и во генералката пред дербито со Металург имаше лесна задача против Зомимак М, победувајќи го тимот од Струмица со 29-21 (13-9) во меч од 3 коло од плеј офот во домашното првенство. Сега сите сили скопјани ќе ги „фрлат“ кон домашните обврски каде ги очекуваат натпреварите за одбрана на титулата и за двојна титула.

Гостите се надеваа дека можат да пружат отпор барем приближно и што подолго барем временски, слично како на мечот со тимот од Автокоманда, но такво нешто не им дозволија „црвено-црните“.

Се надеваше Зомимак М дека ќе му даде отпор на актуелниот првак, и во тоа некако успеваше само во првото полувреме кога во 22 минута намалија на 9-8. И тоа беше се од струмичани. Немаа сили за поголем пресврт, а Вардар рутински си ги одработуваше акциите, реализираше по секоја грешка на ривалот.

Во отсуство на Игор Карачиќ, Миладин Козлина и Михаил Чипурин, за кои тренерот Раул Гонзалез реши да ги одмора, на терен можеше да се видат и некои не секојдневни комбинации. Тимур Дибиров играше како плејмејкер и ги разигруваше колегите, шанса да биде подолго време во состав имаа и Лука Раковиќ, Стефан Терзиќ и Владимир Недановски. Одамна во тимот не бил ниту Мите Стоилов кој имаше повеќе одбранбени задачи.

Вардар имаше и двоцифрена предност во 44 минута кога „првата звезда“ на мечот, Лука Раковиќ погоди за водство од 23-13. Сите осум гола што Раковиќ ги постигна на средбата беа од игра.

Во првото полувреме Инаки Малумбрес имаше 10 одбрани, а Милиќ потоа продолжи во слично темпо, но имаше „само“ шест одбранети топки и плус еден седмерец. Кај гостите Златко Везенковски постигна седум гола (четири од пенал), а Јовица Младеновски имаше четири гола.

Вардар следните денови има забрзано темпо на играње на натпреварите. Во петок е домаќин на Металург во нивната прва од двете меѓусебни пресметки што ќе решаваат за титулата. Во понеделник „црвено-црните“ гостуваат во Битола кај Пелистер, а потоа се игра реваншот со Металург на гостински терен, на 8 мај.
 
Што е форава со густиов распоред, лани во јуни се играше последното коло, сеа ќе испадне до 15 мај да заврши сезоната. o_O
 
Да не има некои репрезентативни собири? И мене тоа не ми беше јасно, кај се брзаат толку...
Лани беше густо, ама на крајот на мај, а реавачкиот меч беше на 2 јуни. Сега се забрзале, секој ден уште малце ќе играат.
Во петок со Металург, па во понеделник со Пелистер, па нареден четврток пак со Металург и во сабота кај Тинекс Пролет гостуваме :confused:
За 9 дена, 4 меча :cenzura:
 
Дечки, кажете ми се гледа убаво во прв ред М блоковиве? Прв пат седам во М блок па не знам како е..:D
 
Каква лаганица победа денеска, мајко моја. Многу беше јако како тренерот на Зомимак се нервираше на некои промашувања од нивните играчи, мислиш се крши резултатот, дал ќе биде или не.. а не дека сме нон-стоп на 8-10 разлика.
Што се однесува до Вардар.. истрчавме со интересна постава. Тоскиќ изгина цела утакмица на пикер, бидејќи и Чипурин беше на трибина.
Лука Раковиќ ги уништи. Стварно ќе ми биде криво што дечково најверојатно ќе мора да го напушти Вардар на крајот на сезоната, со оглед на најавениот трансфер на Шишкарев. Или па можда ќе остане како трета опција. Времето ќе покаже. На лево крило се изротираа Тимур, Добривоје и Бутин. Тимур после отиде на среден бек. Па Абутовиќ го менуваше Тоскиќ на пикер во неколку напади.
Играа и Мите Стоилов и Терзиќ. Мите само во одбрана, Терзиќ не покажа ништо посебно. Ко да имаше страв да шутира. Кога ќе шутнеше и не беше така лош. Остатокот од првотимците мислам дека не дадоа ни 20% од своите можности.

@RedBlack Козлина не го скандиравте заради инцидентите од минатото или го заборавивте? :) Иначе, имавте одлична бројка за ваков натпревар. Навивањето ви беше одлично.
 
Што ќе ни го Шишкарев не ми е јасно :facepalm:
Иначе Барса барала за Штербик 1 милион. Пази да не го земеме... Нели слободен играч беше?
 
Екипа Кајгана во моментов Екипа Болница :нинџ:
Добро бе, не е можно секогаш во исто време да се разболиме со Коњаников, така за во Кичево така сега :гик:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom