Како бе досадна?
После претходната епизода (една од најлошите во серијата), оваа епизода понуди толку многу работи.
Конечно приказната на Dany да ја направат малку подинамична, да има кој да и се спротивстави. Погледот на Barristan, за прв пат прикажа сомнеж, или пак далечно сеќавање за еден крал кој што долго време го служел. Секако тука е правдата на Targaryens, среќно на секој оној што ќе се најде во ситуација да ја искуси.
Развојот на Jaime се врати во права насока. Нормално, кога ќе се преправаш дека онаа сцена помеѓу Jaime и Cersei од претходната епизода воопшто не се случи, сето ова подобро се доживува. Заедно со Brienne ми беа доста симпатични.
Ser Pounce ја украде сцената на Tommen и Marge, а и онака беше солидна.
Sansa повторно докажува дека не е наивна, нешто за што многумина ја обвинуваат. Нејзиниот развој како лик ми е еден од најдобрите, заедно со оној на Jon. Малку по малку ја склопува сложувалката, и ја сфаќа играта што Petyr ја игра.
Повеќе време посветено на случувањата на северот, и арно им текна да покажат пофер третман за ликовите кои што таму се наоѓаат. Толку работи се случуваат што е невозможно да биде досадно. Ghost ми фалеше. Препирките помеѓу Jon и Alliser се врв. Па и вметнувањето на Locke на ѕидот, и неговото здружување со Jon, кој знае што ќе испадне од тоа. Не ми се допадна баш најмногу WW Darth Maul на крај, обичниот изглед ми е далеку подобар. Ама сигурно сакаа на тој начин да прикажат дека овој WW конкретно има некоја важност, нивен водач или слично. И ни открија што точно се случува со бебињата, што е поприлично значајно.
Едвај ја чекам битката кај колибата на Craster од следната епизода.