Дека ништо неможе однапред да се знае во фудбалот доказ е овој натпревар.
Да бидам искрен не очекував да победиме денес, што поради комбинираниот состав и натпреварот со Ат. Мадрид што поради пасот на Џерард кон Дрогба.
Браво за дисциплинираноста на момците, машки се трчаше. На Суарез не му се дозволи да мрдне, а со какви квалитети располага сите знаеме колку е тешко да се изведе тоа, плус со одбрана која нема поминатно ни минута заедно во пл.
Шварцер е за пофалба, извади доста тешки топки, а и дегажманите овој пат му беа на место.
Калас изигра добро како за прв пат, имаше некои лоши процени на високи топки, но имаше и добри моменти. Клизањето врз Стерлинг во 16 му беше врвна интервенција.
За пофалба се и крилата кои постојано трчаа и покриваа назад Ширле, Салах и Вилиан.
Ба на моменти беше добар на моменти лош. Реално не е матрејал за прв тим, но за ротација може да послужи.
И да да го пофалам Микел, денес беше одличен. Сигурен на топка, секогаш добро позициониран.
Тоа е, криво ми е што ова им го направивме на Лфц и Џерард ама тоа е фудбалот.