ФИНКИ или ФЕИТ?

  • Креатор на темата Креатор на темата am1121
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно? А интеграли? Сите студенти првпат се среќаваат со нив, демек успорија професорите или и за тоа треба да се потковам?

Не е точно, јас имам учено интеграли во средно, како прво.
Како второ, како штом сите студенти се среќаваат прв пат, некои положуваат? Што, имаат врски? Или имаат iq четирицифрен?
 
Јас сега да би бирала би се запишала на најлесниот смер на било кој од овие два факултети, со што би имала повеќе време да се посветам на работи кои ќе ми требаат, а знам дека на факултет нема да ги научам. Има толку убави курсеви во Сивус и во Александрија, само кој да ги посети....
 
Платите се тие, ама земаат од страна. Не знам од што, дали од тендери или фаќаат проекти ама земаат. Имаат сит на фб слики како програмираат нешто. Сигурно не програмираат за проверка на домашни. Еве Вангел на пример - има невидено знаење човекот, сигурно не работи за 250 евра.
Ако е паметен тогаш тие 40 часа неделно работно време на факултет ќе ги троши на приватни проекти и ќе зема повеќе. Моженекој му има ветено дека ќе го стават професор. Ама за таа плата искусен програмер не се замара со објаснување на кодови и шетање по ходници, а после работа изморен да тупи мозок на приватно.[DOUBLEPOST=1398543891][/DOUBLEPOST]
За ИТ професијата да работиш како асистент на факултет е поразително, поготово што може многу подобро да се реализираш во некоја ИТ фирма како програмер (мада за тоа ти треба 3-5 години). А додека станеш асистент ќе ти требаат 10-тина години (реално прво ќе се водиш како демонстратор) и разно-разни политички игри да ги играш за да стигнеш до некоја позиција од типот на лизни-мазни. За 10 години, ако добро се насочиш како програмер до софтвер архитект може да правиш многу повеќе пари, да бидеш меѓународно признат и признае од програмерската заедница и притоа ќе ти се цени твојот занает, а не твоето политичко улизнување. Сепак одлучуваш самиот во однос на што си поспремен да го направиш дали лизни мазни или да седнеш и да научиш како се работи.
Какви 10 години? Двајца асистенти што ми беа во 1 и 2 година во 3 веќе станаа професори. :D
 
Послушајте го Бобче он највеќе ги разбира овие работи. ;)
 
Абе не се глупави луѓето што остануваат како асистенти. Отворете на страната на ФИНКИ ќе видите дека сите тие работеле некое време во одредени компании, па после се вратиле назад на факултет. Мислам не може сите тие да се глупави, да напуштат работа во фирма (подобро платена) за да подучуваат некого. Сигурно не го прават тоа од љубов кон науката. Едноставно сите си работат на страна, од демонстратори до професори, 90% од професорите си имаат свои фирми, си фаќаат тендери итн. Погледнете го Анто за пример.
 
има право Форца Милан дека воглавно се неписмени за програмирање/пракса тие што се асистенти. Имав можност да видам колку знае и умее еден/една од нив, врска да се немало. Не викам дека сите се такви ама човек со знаење не се замара со студенти. Сконцентриран е само на приватно
 
Какви 10 години? Двајца асистенти што ми беа во 1 и 2 година во 3 веќе станаа професори. :D
Toa е од твоја гледна точка, а од нивна, колку време претходно биле демостратори, па асистенти, вонредни и слично има многу работа и тоа претежно е бирократска за да станеш професор.
 
Едноставно сите си работат на страна, од демонстратори до професори, 90% од професорите си имаат свои фирми, си фаќаат тендери итн.

Да, и затоа ги заболе дали ќе седат на факултет, дали ќе остаат термин за оцени и консултации и дали ќе вратат на меил ако ти притребаат нешто. :D
 
Дечки хитно ми треба мислење од вас по неколку зборови за Технички факултет во битола следнитесмерови http://tfb.edu.mk/uploads/dodiplomski/elektro/Elektro_I_ciklus_akademski_KOMPLET_FINAL.pdf
http://tfb.edu.mk/uploads/dodiplomski/Informatika/Cetirigodisni studii - KNI.pdf
и накратко паралела со смеровите на ФЕИТ и ФИНКИ, поточно овие два смерови со кои смерови се слични од ФЕИТ и ФИНКИ. И кои смерови на ФЕИТ И ФИНКИ СЕ најок (тежина, однос на професори, барани на пазар на труд)
И дали постои опција ( и како ) ако се запишеш на технички факултет во битола да се префрлиш во скопје после 1-2 години.
Предности и негативни страни ако имате искуство. Ви благодарам однапред за потрошеното време и мислењето.
 
Затоа прва година не ја поминуваат ни пола од тие што упишуваат. Како што кажаа ако те интересира програмирање ФИНКИ, во спортивно ФЕИТ.

А што демек на ФЕИТ нема смер за програмирање или како? Не сфаќам што сакаш да кажеш со ова во спротивно ФЕИТ ??
 
А што демек на ФЕИТ нема смер за програмирање или како? Не сфаќам што сакаш да кажеш со ова во спротивно ФЕИТ ??
Сакам да кажам дека ФИНКИ е настроен кон програмирање, а ФЕИТ кон електроника повеќе. Тоа сакам да кажам.
 
Дечки да не има некој тука да е запишан 2-ра или 3-та година на Технички факултет Битола - Информатички смер со 3 годишни студии?
 
Дечки да не има некој тука да е запишан 2-ра или 3-та година на Технички факултет Битола - Информатички смер со 3 годишни студии?
Јас сум со 4. Кажи шо треба, можи ќе ти поможам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom