Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.
A

Auditore

Гостин
Се надевам дека на добро место прашувам, братучед ми е кошаркар, и сега му препорчаа теретана да оди, и ме замоли да прашам следново:
Како е најдобро да се искомбинира теретана и трчање, затоа што во терминот кога иде во теретана веднаш после тоа му е терминот за трчање, како е подобро, дали прво теретана или трчање да биде?
И дали има некои негативни ефекти доколку двете работи ги прави во ист ден, или нешто слично.
Благодарам однапред.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Колку е нормален притисок за дете ,за 16 годишник. Мене ми е 105 со 60.
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Колку е нормален притисок за дете ,за 16 годишник. Мене ми е 105 со 60.

Не е ништо страшно тоа , нормално е . Крвниот притисок се зголемува со возраста , а за твојата возраст е во граници на нормала , па може да биде и 10 mmHg пониско.Ако не чувствуваш некои потешкотии како главоболка , вртоглавица , слабост , немој ни да се оптеретуваш со ова.:salut:

--- надополнето ---

Се надевам дека на добро место прашувам, братучед ми е кошаркар, и сега му препорчаа теретана да оди, и ме замоли да прашам следново:
Како е најдобро да се искомбинира теретана и трчање, затоа што во терминот кога иде во теретана веднаш после тоа му е терминот за трчање, како е подобро, дали прво теретана или трчање да биде?
И дали има некои негативни ефекти доколку двете работи ги прави во ист ден, или нешто слично.
Благодарам однапред.

Нема никакви негативни ефекти , може да си продолжи по распоредот , прво теретана , па потоа трчање . Но мора да има пауза за одмор помеѓу тоа , земање на течности . Никако не смее да се презаморува и покрај толку активности што има , мора да најде време за одмор . Важна е многу правилната исхрана богата со витамини , минерали ,која ке обезбеди доволно енергија за работа на мускулите што претпоставувам дека твојот братучед ја практикува како спортист.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Не е ништо страшно тоа , нормално е . Крвниот притисок се зголемува со возраста , а за твојата возраст е во граници на нормала , па може да биде и 10 mmHg пониско.Ако не чувствуваш некои потешкотии како главоболка , вртоглавица , слабост , немој ни да се оптеретуваш со ова.:salut:.

Чуствувам главоболка и вртоглавица. Матичниот рече можеби имам проблем со видот па поради тоа е главоболката. Деновиве ќе одам на очно и ќе видам. Имам мала главоболка и мала вртоглавица веќе 3 години .
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
56
Поени од реакции
16
Чуствувам главоболка и вртоглавица. Матичниот рече можеби имам проблем со видот па поради тоа е главоболката. Деновиве ќе одам на очно и ќе видам. Имам мала главоболка и мала вртоглавица веќе 3 години .
Па веќе долго време си чекал за да си ги провериш очите . Сите проблеми можат да ти се од тоа , а не од притисокот . Оди што можеш побрзо , па да видиш што точно е . Ако веќе се очите , откако ќе ти одредат диоптрија земај наочари и веднаш почни да ги носиш , па за некој ден би требало се ова да исчезне, главоболката , вртоглавицата.Со тоа можеш да ја исклучиш можноста дека притисокот ти прави било какви проблеми.Пиши како ке поминеш.:salut:
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Имам потешкотии со дишењето.Се чувствувам како стално да земам воздух а го немам доволно (како да дишам само јаглерод диоксид,без кислород).Инаку знам дека тоа во заградата не е можно ,но веке 2-3 месеца се чувствувам така.Дури и ми ја пореметува концентрацијата.Помош!
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Прво, дали си под стрес? Второ, крвна слика кога последен пат имаш извадено?
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Прво, дали си под стрес? Второ, крвна слика кога последен пат имаш извадено?
Да ,под стрес сум ради школото.Мала сум уште ама,можам да кажам дека школото ми е стресно.А крвна слика последен пат пред 2 недели,кога бев болна и ми зимаа крв.Кажаа само дека малку ми се покачени леукоцитите,ништо друго.
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Да ,под стрес сум ради школото.Мала сум уште ама,можам да кажам дека школото ми е стресно.А крвна слика последен пат пред 2 недели,кога бев болна и ми зимаа крв.Кажаа само дека малку ми се покачени леукоцитите,ништо друго.
Леуоцитите се покачуваат доколку си била настината во периодот кога е правено испитувањето и не е ништо страшно
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Да ,под стрес сум ради школото.Мала сум уште ама,можам да кажам дека школото ми е стресно.А крвна слика последен пат пред 2 недели,кога бев болна и ми зимаа крв.Кажаа само дека малку ми се покачени леукоцитите,ништо друго.
Нервоза, паника, стрес... Тоа што го опиша е еден симптом на своевиден паничен напад. Ако си под голем притисок често знае да се појави чувство на недостаток на воздух како манифестација на психичкиот стрес. Најди начин да се опуштиш. Кога ќе почувствуваш пак дека ти недостига воздух излези малку, прошетај се, пушти си некоја музика што те опушта, занимавај се со нешто...
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Нервоза, паника, стрес... Тоа што го опиша е еден симптом на своевиден паничен напад. Ако си под голем притисок често знае да се појави чувство на недостаток на воздух како манифестација на психичкиот стрес. Најди начин да се опуштиш. Кога ќе почувствуваш пак дека ти недостига воздух излези малку, прошетај се, пушти си некоја музика што те опушта, занимавај се со нешто...
A како да намалам нервоза додека одговарам?Чувствувам дека ми блокира мозок и си немам поим,а уствари кажувам нешта кои за чудо се точни,но не знам од каде ги знам.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
56
Поени од реакции
10
A како да намалам нервоза додека одговарам?Чувствувам дека ми блокира мозок и си немам поим,а уствари кажувам нешта кои за чудо се точни,но не знам од каде ги знам.
Ќе си контролираш адреналинот, се е "mind-set", на пример ќе си кажеш себеси дека не е толку важно и кога зборуваш, зборувај како да му раскажуваш на другар (иако адреналинот е тој што ти овозможува поголем проток на крв во мозоко)
 
Член од
2 август 2010
Мислења
100
Поени од реакции
38
како да намалам нервоза додека одговарам?
Биди сигурна во себе и повеќе самодоверба. Ако знаеш, тогаш која е причината да се нервираш?
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Ќе си контролираш адреналинот, се е "mind-set", на пример ќе си кажеш себеси дека не е толку важно и кога зборуваш, зборувај како да му раскажуваш на другар (иако адреналинот е тој што ти овозможува поголем проток на крв во мозоко)
Да но како да го контролирам адреналино?Уште у моменто коа ме презиват почнува срцето да ми лупа ненормално си осекам пулсо во прстите .Дури додека и одговарам на една професорка(по биологија) истото ми се случува раскажувам и јас не знам како и ми вика дојди тука.И ме фака на раката и вика ми:нема потре ба од толку нервози и така си најдобра у клас одговарај како шо си дискутираме најобично.
 
G

GucciMane

Гостин
Левото око ми е целото црвено и кога станав денес имав онакво жолто истечено од него..мислам имаше нешто чај од камилица или така нешо и се смируваше...иначе мислам дека знам од што ми е..многу седам на пц :) ова втор пат ми се дешава и на исто око.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom