Овие мерки ќе беа во ред да не се испревртеа работите пред 4 години. Во нормални земји пред да воведат вакви мерки, даваа субвенции за купување нови еколошки возила за замена на старите- Германија 2500 евра, Италија не се сеќавам колку беше, Романија до 3500 евра.... Кај нас обратно, се воведе одлука за дозволен увоз на возила ЕУРО 2 до 2016 година, а во исто време се планираат давачки за истите и тоа сега според ЕУ закони.
Ако е така, ова е само почеток, според ЕУ регулативите,ако е точна бројката од 140000 увезени стари возила ќе значи и обврска за рециклирање на 140000 акумулатори, 560000 гуми и 560 тони масло... Е сега видете како го чистиме ѓубрето од ЕУ, прво го купуваме, па после ќе плаќаме да го рециклираме. А во меѓувреме ќе плаќаме дополнителни такси на државата....
Да бидеме реални, еколошките такси се очекувана работа заради нашите аспирации кон ЕУ, ама ако е така, требаше да се субвенционираат најевтините малолитражни нови возила, и ќе се обновеше возниот парк, и планираните давачки сега ќе ба мали или никакви, ама као и се овде така и за оваа работа, се гледа да се извлече и последниот денар од народот...