Torte Mobile
Модератор
- Член од
- 29 ноември 2007
- Мислења
- 7.099
- Поени од реакции
- 1.887
- Возраст
- 39
Досега главен критериум при плаќањето надоместок за загадување на животната средина беше јачината на моторот, а со предложените измени на граѓаните се предвидува возачите да плаќаат и за годините на старост на возилото, зафатнината на моторот и за видот на горивото што го користи возилото
Висината на надоместокот за регистрација ќе зависи и од видот на горивото
СЕ ПОДГОТВУВААТ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Регистрацијата на старите возила најверојатно ќе поскапи откако ќе стапат во сила измените во Законот за животна средина со кои се предвидува нов начин на плаќање на оваа давачка. Досега главен критериум при определување на надоместокот за загадување на животната средина беше јачината на моторот, а со предложените измени возачите ќе плаќаат и за годините на старост на возилото, зафатнината на моторот и за видот на горивото што го користи возилото.
- При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост - се вели во предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.
Тоа значи дека од наведените критериуми ќе зависи и висината на надоместокот. За возила со понов датум на производство, како и со помала зафатнина на моторот, кои помалку придонесуваат кон загадување на животната средина, ќе се плаќа помал надоместок.Висината на надоместокот ќе зависи и од видот на горивото што го користи возилото затоа што возилата што користат дизел-гориво придонесуваат повеќе кон загадување на животната средина.
Од Министерството за животна средина потврдуваат дека во план е подготвување подзаконски акт за воведување дополнителни надоместоци за намалување на загаденоста, но засега нема конечна одлука.
Во Македонија возниот парк е со капацитет од околу 400.000 автомобили, а старосниот просек се движи околу 12 години. Само последните три години, откога во 2010 година се дозволи увоз на половни возила со еуро 1 стандарди, во земјава се внесени повеќе од 140.000 употребувани автомобили. Од Групацијата на импортери на моторни возила при Сојузот на стопански комори уште лани апелираа до Владата да не дозволува повеќе увоз на возила постари од седум години и да почне да се практикува само увоз на стари возила со еуро 4 стандард.
- Новите автомобили не се само еколошки поволни, тие нудат и безбедност на патиштата - укажуваат од групацијата.
Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“, информира дека во рамките на Сојузот на стопански комори имаат упатено неколку иницијативи по ова прашање, а главната цел е да се подобри квалитетот на воздухот што го дишеме. Нивниот предлог е од автомобили со еуро 2 стандард за емисии на гасови да се премине барем на еуро 4, бидејќи во Европа еуро 6 е веќе валиден стандард.
- Треба да внимаваме во поглед на воздухот што го дишеме затоа што овој норматив за увоз на поволни возила што во моментов е во сила овозможува увоз на 20 години стари возила, а со староста на возилата се нарушуваат нивните перформанси во поглед на издувните гасови. Многу подобро е да се земе можеби помало, но ново возило, отколку да се инвестираат во стари возила со кои се намалува безбедноста, имаат зголемена потрошувачка на гориво, како и се загадува воздухот - рече Муцунски.
Во Германија за секои сто кубни сантиметри јачина на моторот, возилата со бензински мотор плаќаат две евра, а дизел-моторите 9,5 евра. Во Германија се плаќа и такса за јаглероддиоксид, во висина од две евра за секој грам од штетниот гас, без разлика на еколошката норма или каков било друг параметар на автомобилот.
Автор: Маја Трајковска / maja.t@novamakedonija.com.mk