Дали кладењето е коцка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Срцуле2
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека не е се додека се игра на сума во која се игра чисто за забава и не се кој знае колку очекува дека ке се добие ( не дека не постои надеж) . а ако почне да се игра на некои си високи суми и си седип на интернет цело врме и ги следиш сите утакмици од ливчето во живо или на секои 2 мин уклучуваш статистика , и ако не добиеш се разачараш максимално и одиш да се "вадиш" е тогаш пријатели мои преминува во коцка :D
Не е тоа забава
Тој што се коцка, има желба да добие и се надева дека ќе добие. Тој се наоѓа во посебна возбудена психичка состојба
Јас не сум способен да опишам што коцкарот чувствува. Посебно што тоа го направил Достоевски
http://mk.wikipedia.org/wiki/Коцкар_(роман)
 
да и кладељето е коцка имам колеги кои се навлечени на тоа и ставаат по цела плата на ливчиња
 
Ako znachi deka kladenjeto e kockar, znachi kockar sum.. Se kockam da, sekoj vikend skoro na fudbal, ostavam po 200 - 300 den. Nekad dobivam, nekad gubam pari. 80% od parite mi se izgubeni. Ali da se prati neshto, vikendot da bide povozbudliv
 
А дали ако се напијаш еден коњак си алкохоличар?:cautious:
 
Не.Ова е коцка:

clanok_foto.jpg

Шо глупо прашање, како да прашаш дали пивото е алкохол.
Да, кладењето е коцка.
 
Како што пишал Ставрогин,ако аналитички и спознајно и пристапиш на кладилницата,таа и тоа како бара умешност за играње.Точно е дека во коцкарница куќата скоро секогаш е во ќар,но истото не се однесува за кладилницата.Кладилницата не е она што одредува кој ќе победи,за разлика од местени покер и рулет апарати.Она ти дава шанса,ти да се кладиш како сакаш,судбината на кладбата е во твои раце,она само игра против тебе,а ти имаш предност на бирање лопта.Покер апаратите и рулетот се буквално игри на среќа,затоа што апаратот бира на кого ќе му даде,ти колку и да сакаш биди умешен,судбината е веќе испрограмирана.Иначе не играм кладилница,ниту се коцкам,чисто онака ја најдов темава :)
 
Да.

Sent from my Grand X In using Tapatalk
 
Зависи за некој е коцка за некој е забава. Коцка е за тие личности што по цел ден дремат таму и единствена цела им е да искараат нешто за да го покријат минусот. Ништо друго не работат и што земат обично пак го враќаат таму.

За мене е забава :coffee:
Уплата од 20 ден, смешно е да се каже дека е коцка. :D

Уплаќам само за викенд по две ливчиња над 150 коеф колку да пратам резултати. Ако земам ако не чекам следен викенд, никако во текот на неделата, освен ако не има лш или некое вонредно коло. Сум уплаќал и по 200-300 па и 2000 ден, ама тоа е кога претходно сум имал голема добивка или сум играл некоја во живо.
Имам земено многу пари околу 2500 евра со мали уплати и сега сум зависен, ама по што сум скржав и веќе десет пати по ред ме зафркава по една и сега не ми се дава повеќе од 20 ден. Не се откажувам ама ни не планирам да ја зголемам уплатата. :D
 
Зависи колку проценти од вашиот буџет оди во кладилница на месечно ниво. Ако е над 10% тогаш е коцка.
 
Коцка, среќа, знаење... кој знае :) битно не е добро :P
 
Уплата од 20 ден. и 50 ден. не е . Ама над тоа е.И се почнува така од малку еднаш,два пати ,три пати се додека не се дојде до дремење по цел ден.Така да не почнувај си поарно дури ни од забава.

„Во рулет-сексот(кладилницата) оргазмот трае со часови и ти го опседнува и телото и духот. И тоа од аналниот отвор до малиот мозок. И не ти е потребен партнер. Самиот си партнер. Мастурбираш пред луѓе. Пред преполно казино(заменете со кладилница). Само што кога ќе свршиш, задоволството не ти припаѓа тебе. Уживањето е нивно.“ Игор Џамбазов ;)
 
Најде баш која пропалица да ја цитираш..

Не значи дека секој што игра во кладилница е глуп како него па да изгуби се во животот поради неа. Патем разликата казино/кладилница е огромна и глупо е воопшто да се споредува.
 
Уплата од 20 ден. и 50 ден. не е . Ама над тоа е.И се почнува така од малку еднаш,два пати ,три пати се додека не се дојде до дремење по цел ден.Така да не почнувај си поарно дури ни од забава.
И што е разликата во 20, 50, 100 или 1000? Игра на среќа е. Како и покер и рулет и блек џек.[DOUBLEPOST=1397759661][/DOUBLEPOST]
Не значи дека секој што игра во кладилница е глуп како него па да изгуби се во животот поради неа. Патем разликата казино/кладилница е огромна и глупо е воопшто да се споредува.
Сѐ си мислам дека има повеќе сличности одколку разлики.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom