Дали кладењето е коцка?

  • Креатор на темата Креатор на темата Срцуле2
  • Време на започнување Време на започнување
Целата оваа математика се базира на тоа што ако го погледнеш билтенот при крајот на првенствата ке видиш дека не постои тим кој не изгирал барем еднаш нерешено. Е финтата било тоа што човек требало да има повеке пари за да може да издржи да го дуплира влогот ако х малку се позабави. Не сум пробал да играм по оваа математика ама ми изгледа интересно па ако некој пробал или знае каде е волкот во прикаската би сакал да ја искоментира оваа шема.

fixpic2.gif

А ова како ти изгледа? Интересно? :)
 
Не е коцка цилиндар е :facepalm:
 
Озбилен сум. Ќе најдеш 5-6 утакмици..отпадокот по 1.20-1.4 и така...3 фудбали и друго кошарка и ракомет...

Една груба пресметка.
Коефициентите се обратнопропорционални шанси - 10% оптрилика маргина, никогаш собраните шанси нема да бидат 100%, туку некаде 88-90%, да го рачунаме најповолнoто сценарио односно 10% провизија да одредиле букмејкерите. Ти требаат 5 утакмици со коефициент 1.38 за ~5 коефициент. 1.38^5=~5.0049...

Ако коефициентот е 1.38 тогаш букмејкерите пресметале дека шансите за тој исход се некаде (1/1.38)*0.9 = 0.652... одосно околу 65%. Секако дека никој не може да ги предвиди сите фактори и дека тие проценки не се совршени, меѓутоа не заборавај дека нив тоа им е професија и од тоа го вадат лебот ;) За вакви мали коефициенти односно кога се работи за фаворити, тие обично имаат напумпани шанси односно уште помал коефициент од реалниот. Да фатиш 5 натпревари секој со шанса 65% шансите ти се 0.65^5 односно околу 11.6%. Тоа ти е приближно 1/9, односно статистички би требало да имаш 1 добитен тикет на 9 уплатени со тој коефициент со по 5 натпревари, заокружено. 500 ин, 900 аут. Лоша математика. Поголеми ти се шансите да уплаќаш сингл утакмици со 5 коефициент since по истата маргина од 10% шансите за тој исход би биле околу 18% наспроти 11.6% со 5 утакмици за истиот коефициент ;) Но и така кладилницата има edge. Така да, со среќа :icon_lol:
 
Не значи ако е "Кладење" и право мора да спага во коцка.Се зависи до начинот на кој гледаш во него.Јас би го поделил на 3 групи:
1.Забава/Рекреација
За некои кладењето е само рекреација ,луге кои оставаат до 50 денари пример дневно,пари кои ништо не им менуваат во животот кога ке ги изгубат.Едноставно целта им е да биде поитнересен натпреварот кој го гледат.
2.Начин на заработка
Има луге кои знаат како да го искористат тоа за добра заработка .. Не зборувам за тие кои им се посрекило 5-6 пати да добијат некоја добра сума, туку зборувам за овие кои добиваат секогаш на подолг период , имаат стратегии, математички пресметки , банкрол менаџмент итн... Протифот го гледат после секој месец или после 500-1000 облози итн. Ама ги има малку тие а во Мкд а дали и воошто ги има незнам :D
3.Коцка
Во оваа група за жал ги има многу овде :( Тоа ти се луге кои не размислуваат за тоа што го прават.
Се кладат со пари кои не смеат да ги изгубат, има 500 денари пример за излегување , ги уплака сите , без разлика дали ке добие или ке изгуби тоа ти е веке Коцка го става во ризик излегувањето на кладење, а да не зборам за оние кои влегуваат со платата во кладилница:vozbud:

Така да за мене кладењето Не е коцка!!
 
Истиов муабет ти е и за пушењето, и ја давам по 50 денари на секој 2-3 дена, си палам по 5-6 цигари на ден али не сум пушач пошто малку е тоа така . Едноставно целта ми е кафето да ми е поубаво :icon_lol:
 
Хммм... па не се баш исти примерот што го реков и тоа со цигарите ама може да бидит слични пример ако гласи така :
"Дали тоа што пaлам по 2-3 цигари со кафе ме прави зависник од цигари" :D
 
Дали кладењето е коцка ти е исто како да прашаш некој дали од еден пат се станува педер :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Џентлменски договор помеѓу двајца господа:) Така е дефинирано кладењето во Англија,а јас се согласувам со тоа(y)
 
Од мое гледиште не е. Од една страна во обложувањето даваш одредена сума на пари (одреден влог) за одредена добивка, што е слично со коцката. Но од друга страна опсегот е многу поголем, минималниот опсег на кладилничари е многу смален влоговите се и помали од коцката... Обложувањето денес е рутина на секој прав маж а и некои девојки, мислам дека со обложувањето доаѓа до израз познавањето на спортот на еден маж.
 
It depends.

ако додека пишуваш го гледаш мечот и си викаш "ајде бе , ќе тепат некако" е коцка ( како да си у казино на црно/црвено ебаго) , ако играш издржани типови со нормален однос на вложените средства со можноста за добивка - е тоа е далеку од коцка.
 
Јас мислам дека не е се додека се игра на сума во која се игра чисто за забава и не се кој знае колку очекува дека ке се добие ( не дека не постои надеж) . а ако почне да се игра на некои си високи суми и си седип на интернет цело врме и ги следиш сите утакмици од ливчето во живо или на секои 2 мин уклучуваш статистика , и ако не добиеш се разачараш максимално и одиш да се "вадиш" е тогаш пријатели мои преминува во коцка :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom