Три добри филмови изгледав деновиве. Сите ви ги препорачувам.
Temple Grandin бил одличен филм, алал да и е на Клер како само ја одглуми Темпл
Ego, шведска драма , интересна приказна, впрочем со скандинавските филмови нема утка.
47 ронин, самурајска приказна со Киано Ривс за 47те ронини, на моменти досаден, али тоа се јапонските филмови со нивната традиција и адети.
Препорака за германскиот филм Revanche (2008), посебно на оние кои им се допаднал францускиот Cache. Номиниран за Оскар за најдобар странски филм.
Интересна тривиа: нема саундтрак.
The Art of the Steal е филм со најлош хумор за 2014. Крајот е крш со обид за твист со најепик објаснување што се случило, mind blowing. Најкриво ми е што бев замајан од лошото дејствие на филмот што скоро и да заспав па не успеав да го предвидам крајот.
Ни филмовите на Бен Стилер не се волку лоши. Па уште му дале над 6 рејтинг на Imdb. Јао...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.