Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.
Е

експерт

Гостин
ПОМОШ! КАКВИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ВОСПАЛЕНО СЛЕПО ЦРЕВО? ВЕЌЕ ТРИ ДЕНА МЕ БОЛИ ДЕСНО НА ДНОТО ОД СТОМАКОТ, ДЕ ТАПО ДЕ ОСТРО, А ДЕНОВИВЕ ТРЕБА ДА ДОБИЈАМ. ДАЛИ Е ПРОЛАДЕН ЈАЈНИК ИЛИ ИМА ШАНСИ ДА МИ Е ВОСПАЛЕНО СЛЕПОТО ЦРЕВО?
дали имаш температура?
каде те боли, таму каде што пишува аppendix?

 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
дали имаш температура?
каде те боли, таму каде што пишува аppendix?

Немам температура, ама ме боли токму таму, во десната ципа, страв ми е да одам на лекар, ако ми го кркнат ножот бадијала? А ако ми перфорира слепото црево ако не појдам?
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Немам температура, ама ме боли токму таму, во десната ципа, страв ми е да одам на лекар, ако ми го кркнат ножот бадијала? А ако ми перфорира слепото црево ако не појдам?
Неколку пати сум имала проблем со слепото црево,сум осеќала тапа болка која после ден-два поминува.Значи може и да не е страшно.
Може да ти помине и пак да те фати.
Ако е `созреано`за вадење,тогаш ке повраќаш,ке имаш температура и јаки,неподносливи болки.НО ВНИМАВАЈ,ова е веќе последна фаза каде слепото црево може да испрсне и да биде фатално.
Затоа оди си на лекар,најсигурно,они ке ти кажат дали си за вадење или не,неможе да ти го кркнат ножот бадијала.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Немам температура, ама ме боли токму таму, во десната ципа, страв ми е да одам на лекар, ако ми го кркнат ножот бадијала? А ако ми перфорира слепото црево ако не појдам?
Може да е и истегнување на мускул во тој предел од телото, ретко се истегнуваат тие мускули и дека не се активни колку и другите, и едноставно болат подолг временски период, околу 5-10 дена. Ако си правела некои вежби или си се тегнела, си изведувала егзибиции или некои дргуги активности кои ги стимулираат мускулите во тој предел а притоа си била неактивна подолго време, тогаш стај го ова како опција во целава ситуација.

--- надополнето ---

Затоа оди си на лекар,најсигурно,они ке ти кажат дали си за вадење или не,неможе да ти го кркнат ножот бадијала.
Поголеми се шансите да ти го кркнат ножот бадијала одколку да ти дадат вистинска дијагноза. Изгледа не живееш во Македонија со оглед на позитивните реплики т.е. комплименти за лекарите тука :)
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Може да е и истегнување на мускул во тој предел од телото, ретко се истегнуваат тие мускули и дека не се активни колку и другите, и едноставно болат подолг временски период, околу 5-10 дена. Ако си правела некои вежби или си се тегнела, си изведувала егзибиции или некои дргуги активности кои ги стимулираат мускулите во тој предел а притоа си била неактивна подолго време, тогаш стај го ова како опција во целава ситуација.

--- надополнето ---



Поголеми се шансите да ти го кркнат ножот бадијала одколку да ти дадат вистинска дијагноза. Изгледа не живееш во Македонија со оглед на позитивните реплики т.е. комплименти за лекарите тука :)
Иако не живеам во Македонија веќе две години,многу добро знам за лекарите и нивните `услуги`.
Неможе да седи дома и да ја игнорира болката,може да се случува нешто сериозно,мора да оди на лекар,ако не и се свиѓа има друг и трет...па ке наиде на вистинскиот,а може и од прва да и се погоди добар лекар,што би рекле `од мајка роден`.

Реплицирам бидејќи брат ми така два-три пати имаше болка која ја игнориравме,мислејќи дека не е ништо страшно,за на крај да заврши со пукнато слепо црево,што воопшо и не е пријатно искуство.

Затоа не играјте си со здравјето,посетете лекар,никој нема да ве кркне без ваша согласност.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Може ли некој да ми објасни што се полипи и причини за нивно настанвуање, превенциии .....
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
402
Поени од реакции
51
Дечки ајде помош малку..:nesum:
Што да земам против оток на заб (секако, без да одам на забар) ?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Дечки ајде помош малку..:nesum:
Што да земам против оток на заб (секако, без да одам на забар) ?
Вибрамицин или некој друг исто така јак антибиотик... ама бидејќи незнаеш од што е причинет тој оток... најдобро е да одиш на заболекар :)
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
402
Поени од реакции
51
Вибрамицин или некој друг исто така јак антибиотик... ама бидејќи незнаеш од што е причинет тој оток... најдобро е да одиш на заболекар :)
Може цефалексин ?
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ако испешачам 10 километри со брзо темпо ме болат стапалата и нозете 2,3 дена.
Чаре?
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Полип на Уста, мекото ткиво, внатрешна страна на образите
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Може ли некој да ми објасни што се полипи и причини за нивно настанвуање, превенциии .....
Polipi se abnormalni kletki od mukozata(znaci:mozat da se pojavat vo nosot(wegener granulomatoza),ustata i celiot gastrointestinalen trakt(FAP-familijarna adematozna polipoza,peutz jeger sindrom...),ednometrialno..

Mozi da se nasledni(familijarna polipoza) ili pridobieni(kronkit kanada..).

Pricina e konstantnoto ostetuvanje na mukozata(bez razlika od koja priroda-znaci avtimuni bolesti...).Obicno predstavuvaat abnormalni set na kletki so izmeneta genetska arhitektura i se smeetaat za kletki so odreden stepen na prekancerozi(nekoi poveke nekoi pomalku) da receme takov primer e familijarnata adematozna polipoza.

Prevencija:Redno izvrsuvanje na kontroli i dokolku izrazuvaat stepen na malignost, hirurski se odstranuvaat.

Poz:smir:
 

F.A.

Smile Now, Cry Later
Член од
17 април 2007
Мислења
862
Поени од реакции
3
Имам проблем со нозете, односно со депилирање. Кога ќе ги издепилирам ми е се супер, немам проблем, но после недела ипол почнуваат да ми растат влакната и почнуваат да ми ја бушат кожата, ужасно болат и чешаат, посебно кога се ежам. Некогаш кога се ежам болат толку што почнува и крв да ми тече од некои влакна. Се имам издепилирано околу 5-6 пати и секогаш е исто. Ова трае накај недела ипол и после пак е се во нормала. Чаре ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom