Јајцето и паганството

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Toa секако туку друг ми беше зборот :)
 
kakov saka neka ti e zborit ama koga nemas orgument za odbrana na stavovi toa ti e ali nema veze.
 
Во текот од великденските празници, по телевизиите се вртат објаснувања од православните свештеници за тоа дека јајцето, и тоа САМО црвено обоено, има повеќеслојна симболика. Од објаснувањата досега би трбало да биде јасно која е таа симблоика: гробот Христов, крвта Христова, воскресението Христово од гробот, создавањето нов живот и сл.
Тоа што јајцето е користено и од паганските народи, не треба по автоматизам да значи дека и православните се пагани. Патем кажано, црвено обоено јајце, за прв пат е употребено од мајката Божја, која го подарила на еден од тогашните римски властодржци, после Христовото ВОСКРЕСЕНИЕ (не би можел да се сетам на името). За споредба, за да не испадне дека православните се пагани, би го посочил и следниот пример:
во античкото римско царство, сите тешки багабонти биле распнувани на крст и поставуван на ЈАВНИ/главни патишта, кон и од влезовите во тогашните обградени градови. Така распнат, багабонтот трпи и телесни болки но и исмејување од патнците упатени кон и од градовите. А каде беше распнат Христос? На КРСТ! Така, крстот од симбол на срамот , Христос го претвора во симбол/значка за победа над смррта кај раната Црква!
И уште една работа; во истиот тој Рим, раните христијани биле осудувани од своите сонародници со обвиненитео дека се пагани! А зашто? Затоа што раните христијани го прифатиле денот недела, денот на Христовото воскресение, за свој празник. А денот недела , „сандеј„ за римските идолопоклоници бил денот на Сонцето, значи бил пагански празник, кој иститие тие пагански римјани го поистоветувале со неделата, славена од раните христијани. Да, велат христијаните, и ние го славиме денот на Сонцето, ама Христос е нашето Сонце!
Така, она кое некогаш били паганско, не значи дека е нехристијанско...

Само да се корегирам во постот. Не се работи за мајката Божја туку за Марија Магдалена а римскиот властодржец е Тиберие (Тибериј).
 
А тоа што НЕКОЈ НЕКОМУ му дал НЕШТО некој си го зима за ПОУКА и ПРАКСА од ХРИСТИЈАНСКИ карактер.
Е, ако ова не е МИТОЛОГИЈА ...
НЕМОЈ ЛУТИШ што има луѓе кои тогаш со 'ПРАВО' скоро СЕ во Христијанството го поврзуваат со митологијата.
Тоа е благодарение на НЕКОЈ НЕКОМУ нешто ДАЛ или НЕКОЈ НЕКОМУ нешто РЕКОЛ.
А БИБЛИСКИ запис за тоа?
 
Подарокот од Марија (Магдалена) до Тиберие НЕ Е библиски настан па да мора да биде забележан во Писмото. Не се библиски настани ни Светото Предание од искуствата од православната Црква, кои се случиле (и сеуште се случуваат) после дефинирањето на Писмото како целина од Стар и Нов Завет. Таман работа ако за се бараме запис во Писмото...но тоа е веќе забегување од темава. Ај да не ме караат за тоа...
 
Не О.К. е согласно со темата..дури и мене ме интересира како тоа вапцањето јајца има таква улога во Христијанството..врз основа на кои искуства православната црква шири пагански обичај во Христијанството.
 
Во мојот пост од 24 април, објаснив дека она кое било паганско, не мора да е и нехристијанско. Како што злото не е е создадено па затоа доброто му е поглога за да егзистира, така и паганството мора да има некоја појдовна основа. А појдовна основа за паганството е она кое веќе постои па не е за чудење ако некои народи веќе го користеле јајцето за нивни обичајни цели и потреби. Затоа и го споменав примерот со крстот: крстот постоел и пред да биде формирана Црквата, но постоел како МЕСТО за измачување и како СИМБОЛ за срамот. Но, Христос го преуреди крстот во МЕСТО за победа над смртта и го претвори во СИМБОЛ на христијанската вера и Црква. Кога царот Константин и мајка му Елена го пронашле крстот, т.е. крстовите пред Ерусалим, се појавила трилемата: кој е крстот на кој Христос бил распнат? Принесувањето болен под еден од крстовите и излекувањето на болниот под влијание од крстот, ја разрешило таа трилема. Таков е примерот и со јајцето. Неговата симболика веќе е објаснета: извор на нов живот (како воскресението Христово) симболика на гробот Христов, обоено исклучиво со црвена боја (симболика на крвта Христова на крстот) и сл. Јајцата кои се бојадисуваат рано наутро на Велики четврток, имаат голема трајност (не се расипуваат со месеци и со години). Водата која е благословена од свештеник, ја поседува благодатната енергија од Светиот Дух па и таа не се „расипува„ (стои посотјано свежа и може да се пие без гадливост). Така, јасно е дека „обичаите„ во православето имаат и своја „позадина„ која ги држи во трајност а не дека се работи за паганизам, посветен на измислените богови.
 
Велигденските обичаи како што се вапцањето јајца, палењето свеќи и држењето велигденски пости водат потекло од паганските религии. Ниту еден од овие обичаи не е поврзан со воскресението на Исус, кое наводно се прославува на Велигден.[DOUBLEPOST=1397561373][/DOUBLEPOST]Интересно, англиското име за Велигден (Истер) се поврзува со Естра, или Остра, англосаксонска божица на зората и пролетта. Таа била и божица на плодноста. Според едно дело, „таа имала зајак на Месечината кој сакалјајца, а понекогаш била прикажувана со глава на зајак“ (TheDictionaryofMythology).[DOUBLEPOST=1397561510][/DOUBLEPOST]Иако се тврди дека Велигден се празнува во чест на Христовото воскресение, овој празник, всушност, влече корени од лажната религија. А како дошло до тоа јајцата и зајаците да станат заштитен знак на Велигден? Јајцата „се симбол за нов живот и воскресение“, стои во една енциклопедија, а зајакот веќе одамна служи како симбол за плодноста (EncyclopædiaBritannica). Според тоа, Велигден всушност е обред на плодноста, невешто замаскиран како празник во чест на Христовото воскресение. Всушност, Библијата ниту заповеда ниту, пак, одобрува да се одбележува воскресението на Исус! Кога тоа се прави под маската на Велигден, се работи за уште поголема неверност.
 
Иако се тврди дека Велигден се празнува во чест на Христовото воскресение, овој празник, всушност, влече корени од лажната религија.
се сложувам факти без докази не се факти...
Факти, докази дека паганските религии се лажни имаш?
 
Факти, докази дека паганските религии се лажни имаш?
па еве сето она сто го изјавувам го потврдувам со докази односно темелено на библиски стихови, а за паганството..паганството било застапено во најразлични облици. Нашироко прифатена била и грчката митологија, а гатањето било нешто сосема вообичаено. Таканаречените мистични религии од Истокот им ветувале на верниците бесмртност, директни божествени објави и пристап до боговите преку мистични обреди. Овие религии се рашириле низ целото царство.
 
па еве сето она сто го изјавувам го потврдувам со докази односно темелено на библиски стихови, а за паганството..паганството било застапено во најразлични облици. Нашироко прифатена била и грчката митологија, а гатањето било нешто сосема вообичаено. Таканаречените мистични религии од Истокот им ветувале на верниците бесмртност, директни божествени објави и пристап до боговите преку мистични обреди. Овие религии се рашириле низ целото царство.
Доколку не си знаела ова се вика циркуларна логика, неможе библиските стихови да бидат докази за вистинитост на самите себеси. Тоа е едноставно глупост. И паганските религии си имале стихови и според твојава логика и тие се доказ дека тие а не библијата се точни.
 
Доколку не си знаела ова се вика циркуларна логика, неможе библиските стихови да бидат докази за вистинитост на самите себеси. Тоа е едноставно глупост. И паганските религии си имале стихови и според твојава логика и тие се доказ дека тие а не библијата се точни.
:pos::pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom