Теорија дека виното е отровно, а не питата.
ОК, што ако сепак отровот е од виното? Питата може да биде премногу очигледна но налетав на лице кое спомна дека клучот е во малите детали - имено герданот на Санса. Санса добива од Донтос гердан кој вели дека не му треба. За време на свадбата Олена прави муабет со Санса и и го средува/поправа/мести герданот. Виното од кое пие Џофри се наоѓа кај Олеана. Што ако еден од камењата на герданот на Санса е всушност кристализиран отров кој брзо се раствора во течност, а Олеана, која го зела отровниот кристал, а не била приметена од никого го уфрлува кристалот во чашата вино, нормално никој не ја приметил. Храната и виното на фештата не се отруени, односно отровот е ставен во круцијален момент, кога трујачот бил сигурен дека Џофри сигурно ќе се напие од чашата вино која Тирион му ја дава на Џофри. Еден спомна како секој крал имал свој пробувач на храна и пилалаци за да се детектира дали има отров. Сигурно и пред и за време на свадбата биле ангажирани доста пробувачи на храната и пијалаците и не бил детектиран никаков отров. Затоа е поверојатно отровот да бил подметнат во „последен“ момент.
Е сега, ако Олеана го турила отровот во чашата, дали е таа која го оркестрирала делот кога Донтос го дава герданот на Санса, и не само тоа, туку и дали Олеана му наредила на Донтос да ја изведе Санса на сигурно? Можно е Олеана да има мотив да се спаси Санса, сепак Олеана и Марџори гледаат со симпатии кон неа и сигурно тој акт бил од симпатии, да не гледаат уште еден Старк како го крка од Ланистер, или пак им треба барем еден Старк кој би го стабилизирал северот во обид за нормализирање на Вестерос, евентуално Санса и Тајрелови да го вратат Вестерос во подобра состојба. Или можно е да има уште некој друг инволвиран, кој однапред се договорил со Олеана. Ако постои втора страна во сево ова, моето нагаѓање оди кон Питер Бејлиш. Бејлиш уште во првата сезона не криеше колку ја сака Кејтлин. Знаеме и дека има чувства и за Санса. . Дознавајќи за смртта на Кејт, Бејлиш сигурно барал начин за одмазда кон Ланистерови. Но за да стигне до одмаздата, морал да се осигура да најде сојузник, некој кој е многу близок до Ланистерови. А кој би бил идеален кандидат ако не Тајрелови, поточно Олеана и Марџори кои веќе знаат на што се е способен Џофри? Е сега Марџори можеби не ковала заговор со баба и, можно е само Олеана со Питер да се договарала, преку тајни дописници. Колку помалку знааат, толку подобро. Но, ако веќе се договарале преку тајни дописници и агенти/шпиони, тогаш барем дел од дописот би требало да му биде достапен и на Варис, кој има пристап кон скоро сите тајни информации во Вестрос и надвор од него. Доколку Варис знаел за дописите, а не реагирал, тогаш и Варис е дел од заговорот, односно дозволил Бејлиш да ја има својата одмазда.
Во тој случај, знаејќи дека Бејлиш има благослов од Варис, сценариото би одело вака - Донтос е ангажиран од Бејлиш со следните инструкции-да и го подари герданот на Санса, Бејлиш ја известува Олеана за герданот (сигурно ги има инструкциите кој кристал треба да го земе), после тоа се се случува на свадбата - Донтос треба да биде дел од фештата, нека трпи понижувања, битно нека биде на свадбата, кога Олеана ќе го тури отровот, односно кога Џофри ќе го испие, Бејлиш би бил сигурен дека Ланистерови нема да останат со скрстени раце, туку ќе делуваат во афект, сигурно би впериле прст кон некој/некои, а за тоа сигурни осомничени би биле Санса и Тирион, а за да не и се случи нешто лошо на Санса, Донтос мора да ја искористи новонастаната мешаница и да избега со Санса негде на сигурно.
Ова е само теорија, но дефинитивно дава a whole new light to the pie thing.