Game of Thrones

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Прва помисла е дека е Оберин оти има премногу гнев во него кон Ланистер. Се кладам дека не е тој. Премногу го нагласија гневот во овие 2 епизоди за да ни дозволат многу брзо да заклучиме кој го изрежира убиството. Олена повторно не е. Која е поентата да се изврши убиство пред да имаат директен наследник на Џофри од куќата Тирел? По некоја логика Томен ќе го наследи брат му освен ако нема некој страшен пресврт во Кингслендинг па да ги заколат сите Ланистер.
Друга работа, не сфатив дали е од виното или од питата. Ако е од питата, Тајвин исто јадеше. Па нека му е и на него на здравје.

Серсеи плаче, а јас не знам дали да се радувам или да сочувствувам со неа. Ептен во незгодна ситуација ме ставија... :(
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.047
Поени од реакции
11.675

Ноуп, мислам дека никој друг не ја проба питата. Ја прегледав сцената пак, Тајвин не ни ја чепна, Олена имаше поцнато парче со вилушката ама не го изеде. Од виното не верувам да е, пошто сите пијат од истото вино. Сакав да видам дали случајно Санса му даде друга чаша на Тирион (кога Џофри ја фрли доле) ама изгледа не. Така да, питата е.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.765
Поени од реакции
52.741

Или па Тирион друга чаша зема по грешка од масата и му ја даде на Џофри, а била наменета за некој друг o_O
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Леле надоврзување на сцената со Грејџој и кобасицата на импот.

Добро ги поминаа Старкови, Грејџој, Болтон ,а свадбата и финалето ко гром од ведро небо. Нели прерано си отиде кралот? Очекував калиси сите да ги запали. И само ако го средат тирион, немојте ви се молам.
А марџори за греота, не ја дочека ни оваа брачна ноќ :D
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
17.128
Поени од реакции
52.052
Кога го гледав како сере и ги понижува сите на масата, цело време си мислев: ќе се најде ли некој да го рокне, како не прелета некоја стрела од негде или некој не го прецвика, па после си викам, као, рано е да го утепаат, потребен им е ова она и .... после ОП !Очекував да има поспектакуларна смрт од обично труење, ама да не пребираме сеа . Поише очекував Тион да му пресече гркланот на оној гнаснион, ама па многу убавини ќе беше за една епизода
Јасно е дека сите ќе ги потепаат, ама кога ќе дојде ден Тирион да го јаде може да капне една солза кај мене. :D
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ноуп, мислам дека никој друг не ја проба питата. Ја прегледав сцената пак, Тајвин не ни ја чепна, Олена имаше поцнато парче со вилушката ама не го изеде. Од виното не верувам да е, пошто сите пијат од истото вино. Сакав да видам дали случајно Санса му даде друга чаша на Тирион (кога Џофри ја фрли доле) ама изгледа не. Така да, питата е.
Ама тој што сакал да го убие Џофри не можел да смета на тоа дека само Џофри ќе ја проба питата. Што знам, логично би било веднаш после Џофри, Марџори да проба. Како се осигурал убиецот дека Марџори нема да проба и да умре? Олена па кај успеала да земе парче - некој погоре пиша дека имала боцнато на вилушката. Па нели самошто ја донесоа питата, Џофри ја исече летнаа гулабите, Марџори му даде парче и он веднаш умре. Кога успеала бабата да земе пита?
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Претпоставував дека ова ќе се деси.

Алал ви вера на вие што ги имате читано книгите и издржавте да не го спојлнете, а вие што ги читавте книгите и сте пробале да спојлнете на некој на свадбата Ланистери да ви гостуваат
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Јас цело време очекував да ја донесат Шае од негде и Џофри на некој свој начин да ја убие пред Тирион, па тек после тоа да се случат гадни ствари. Се ме водеше кон тоа. Нели Тајвин и рече на Серсеи да му ја однесе пред свадбата. После и Тирион сто пати го тераше Брон да го убеди дека стварно отишла со бродот. Ама ништо чудно и да не отишла па Серсеи да ја убие пред Тирион за некаква одмазда, дека нели он главен осомничен за смртта на Џофри.
За ова мислев дека приказната со Шае не е готова, зашто не видовме како си отиде.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.047
Поени од реакции
11.675
Ама тој што сакал да го убие Џофри не можел да смета на тоа дека само Џофри ќе ја проба питата. Што знам, логично би било веднаш после Џофри, Марџори да проба. Како се осигурал убиецот дека Марџори нема да проба и да умре? Олена па кај успеала да земе парче - некој погоре пиша дека имала боцнато на вилушката. Па нели самошто ја донесоа питата, Џофри ја исече летнаа гулабите, Марџори му даде парче и он веднаш умре. Кога успеала бабата да земе пита?
Не не, на сите мислам им дадоа, ама никој не проба пред Џофри. Ваљда треба прво кралот, што јас знам. :D Олена имаше боцнато ама не касна. Веројатно убиецот сметал дека Џофри ќе се полакоми по питата.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
523
Поени од реакции
164
За ова мислев дека приказната со Шае не е готова, зашто не видовме како си отиде.
И да не е замината, од каде таа моќ за да оркестрира труење на крал?
Мислам дека убиецот е некој во кој воопшто не се сомневаме, ама ќе видиме.
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Машала, според промото наредната епизода ќе биде бајаги интересна.
А тој градот што ќе го освојува калиси има пирамида иста ко таа на Илуминатите.
И молба до режијата, отсега на previously on GOT стално да ја даваат сцената со џофри, така се до крајот на серијата.

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ама тој што сакал да го убие Џофри не можел да смета на тоа дека само Џофри ќе ја проба питата. Што знам, логично би било веднаш после Џофри, Марџори да проба. Како се осигурал убиецот дека Марџори нема да проба и да умре? Олена па кај успеала да земе парче - некој погоре пиша дека имала боцнато на вилушката. Па нели самошто ја донесоа питата, Џофри ја исече летнаа гулабите, Марџори му даде парче и он веднаш умре. Кога успеала бабата да земе пита?
Таа питата што ја исече не беше за јадење туку за покажување.Нели дадоа кај што пресекол со меч дека има мртви гулаби
 
Kajgana Shop

На врв Bottom