За убиството на Џофри има многу осомничени, но дури и вообичаените осомничени да не го стореле тоа, сигурно се благодарни на оној кој го сторил тоа. Нешто како Кенеди, само што Кенеди не беше кретен.
Мој главен осомничен испаѓа Олеана Тајрел. Уште кога Санса им даде исповед за она што и се случува, за пеколот низ кој минува, дефинитивно Олеана не би сакала внука и да има страшна судбина, дури и по цена да биде кралица. И сигурно уште пред да заврши војната со Роб ковала планови како да се ослободи од Џофри, нормално во таква ситуација да утепа две птици со еден камен-ем Џофри мртов, ем Марџори останува со титуал кралица. Чек, за последново не сум сигурен, изгледа Марџори ја губи титулата, нормално сега кога Џофри го нема повеќе.
Питер Бејлиш е втор на листата. Типот има силни чувства за Кејтлин, сигурно се скршил од болка кога дознал за свадбата. И сигурно направил тешки сплетки да се отруе Џофри.
Исто така се отвара и опцијата Мартелови да имаат нешто во ова. Оберин јасно стави до знаење зошто на Ланистерови никогаш нема да им се прости.
Серсеи никако не ми паѓа на ум како главен заговорник. И да е Хитлер, она никако не би кренала рака на него. Тајвин исто така. Преку Џофри ќе го обезбеди дефинитивното владеење над Вестерос. Не е таков тип да се ослободува од членови на своето семејство, макар биле и најнепожелните, како со Тирон.
Но, оној кој го заговарал атентатот на Џофри морал да има на ум кој ќе биде следен на тронот. Значи Томен, помладиот брат на Џофри е новиот крал, кој ќе биде под старателство на вршителите на кралската должност-Серсеи и Тајвин. Хм, дали и тие се во опасност?