Ноктот на левиот палец на ногата ми е модар... повеќе од половина. Неколку удари при играње фудбал, и си ја плаќам казната. 2 недели паузирав и болката се смири, но не се изгуби модриот дел. Си реков ок е уште еднаш да изиграм фудбал чим не ме боли, но очигледно се излажав. Баш денеска играв, и кога го проверив после, уште повеќе беше помодрен, а и болката се врати... Сега 3-4 од ноктот се модри. Најверојатно е пред паѓање, барем така изгледа. Е сега, мене не ме плаши тоа, знам дека со тек на време ќе си израсне нокт.. ме интересира што можам да направам за да спречам последици, односно инфекции и слични срања...? Дали се можни несакани последици? Некој лек за да ја ублажам болката, или да го убрзам и олеснам процесот на менување на ноктот? :nesum: