Дежурна ординација! ( отворена е нова тема, оваа стои само за читање )

Статус
Затворена за нови мислења.

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
3 ми раснат одеднаш , ама 2 месеци и уште само 1/4 се излезени :S а и предтоа имав болки од нив пред да излезат, мн ме нервира целава ситуација ... фала на одговорот бтв :smir:
:lele: Мене година дена ми растат четирите одеднаш и сеуште не се доизлезени :(
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вака бидејќи е итно, затоа пишувам и прашувам во оваа тема... Дали тами флуто или како и да е, може да се даде како превентивна мерка, дали даваат превентивни лекови и дали тами флуто на било каков начин може да му наштети на здравјето т.е да остави последици понатаму?
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Вака бидејќи е итно, затоа пишувам и прашувам во оваа тема... Дали тами флуто или како и да е, може да се даде како превентивна мерка, дали даваат превентивни лекови и дали тами флуто на било каков начин може да му наштети на здравјето т.е да остави последици понатаму?
...незнам кој очекуваш да ти одговори на ова :) уште е новост тамуфлу, а ако ти е за превенција мислам дека можеш да си го побараш :)
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
...незнам кој очекуваш да ти одговори на ова :) уште е новост тамуфлу, а ако ти е за превенција мислам дека можеш да си го побараш :)
Па не знам, затоа прашувам, може ќе се најде некој што се разбира... И не е за побарување работава... прашањето освен тоа ми е дали може ако е за превентива некако да се избегне лекот, особено ако остава некои негативни последици... Давеник и за сламка се фаќа.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Вака бидејќи е итно, затоа пишувам и прашувам во оваа тема... Дали тами флуто или како и да е, може да се даде како превентивна мерка, дали даваат превентивни лекови и дали тами флуто на било каков начин може да му наштети на здравјето т.е да остави последици понатаму?
Лекарите предупредуваат, "Тамуфлу" да не се зема на своја рака, ниту да се користи како превенција од евентуален свински грип. Лекот се издава само со одобрение од лекар.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Лекарите предупредуваат, "Тамуфлу" да не се зема на своја рака, ниту да се користи како превенција од евентуален свински грип. Лекот се издава само со одобрение од лекар.
Знам, ама на инфективно докторка една кажа дека било кој да бил во контакт со заразен да одел до Завод за да му дадат Тамифлу како превентива и тоа ме зачуди, затоа што имам чуено дека тие се земаат во краен случај, а никако како превентива и дека можат да остават последици на здравјето.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Знам, ама на инфективно докторка една кажа дека било кој да бил во контакт со заразен да одел до Завод за да му дадат Тамифлу како превентива и тоа ме зачуди, затоа што имам чуено дека тие се земаат во краен случај, а никако како превентива и дека можат да остават последици на здравјето.
Епа еве што рекле:
Сите заразени, сомнителни, како и оние што биле во контакт со болни од грипот А/Х1Н1 веќе нема да добиваат од лекот „тамифлу“. Тој ќе им се дава само на оние со сериозни симптоми и на оние со лесна клиничка слика, но со ризик поради постоење на друга болест да можат да добијат компликации по здравјето. Сериозноста на болеста ќе ја определуваат 20-те инфектолози од Клиниката за инфективни болести, кои ќе ја проценуваат состојбата и кај децата. Инфектолозите ќе ја следат најновата препорака на Светската здравствена организација, која вчера препорача лекот да се дава само кај сериозни случаи на заболени.
 
Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.024
Поени од реакции
645
Поздрав дечки :helou:!, да не знае некој нешто што може да помогне при замастување на црниот дроб?.
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Веќе 3-4 дена по ред ме боли грбот,од средина на рбетот праволиниски до горниот зглоб на раката од лева страна.Не верувам да е промаја или неправилно седење....енибади?
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Поздрав дечки :helou:!, да не знае некој нешто што може да помогне при замастување на црниот дроб?.
Диететски режим на исхрана со внесување лесни јаглехидрати и протеини и исклучување на маснотиите од храната.Диета со повеќе овошје и зеленчук, засладени течности, чај од шипка и витамински пијалоци. Се забранува пушењето и употребата на алкохол.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.790
Ноктот на левиот палец на ногата ми е модар... повеќе од половина. Неколку удари при играње фудбал, и си ја плаќам казната. 2 недели паузирав и болката се смири, но не се изгуби модриот дел. Си реков ок е уште еднаш да изиграм фудбал чим не ме боли, но очигледно се излажав. Баш денеска играв, и кога го проверив после, уште повеќе беше помодрен, а и болката се врати... Сега 3-4 од ноктот се модри. Најверојатно е пред паѓање, барем така изгледа. Е сега, мене не ме плаши тоа, знам дека со тек на време ќе си израсне нокт.. ме интересира што можам да направам за да спречам последици, односно инфекции и слични срања...? Дали се можни несакани последици? Некој лек за да ја ублажам болката, или да го убрзам и олеснам процесот на менување на ноктот? :nesum:
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Ако скроз падне ноктот, гледај што повеќе да одиш бос, избегнувај долго да бидеш во патики. Користи антибактериска пудра за во патиките (ако можеш и антимикотик да најдеш, супер би било). Можеш превентивно да ставаш крема антимикотик како canesten или obytin. Иначе има една аптека оскар на илинденска одма после владата (после точка и школото за грчки), таму имаат секакви препарати за нозе, фластери, ова-она, ако си од скопје оди таму и распрашај се, нема што немаат. А најдобро би било ако успееш некако да го одржиш ноктот да остане додека не порасне нов. Ако падне-падне, ама немој никако ти сам да го тегнеш и да го малтретираш.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772

Мене ми се деси у детинството мое лудо и ретардовано, да ми падне цело железо на ноктот на ногата, при што истиот се сроза в корен и ми падна. После некој месец ми порасна, значи не се плаши расте тоа, јес да грдо е вака коа ќе го погледнеш,али толку грди работи глеаме секој ден, за еден нокт... И не туку играј фудбал док не ти порасне НОКОТОТ (вака било правилно на македонски).
 
Не сум од Скопје, но у секој случај ќе навратам ако е потребно. Прво ќе одам кај доктор деновиве, да видам што како, па после таму, да видиме што имаат...

Фала многу во секој случај. :helou:

Мене ми се деси у детинството мое лудо и ретардовано, да ми падне цело железо на ноктот на ногата, при што истиот се сроза в корен и ми падна. После некој месец ми порасна, значи не се плаши расте тоа, јес да грдо е вака коа ќе го погледнеш,али толку грди работи глеаме секој ден, за еден нокт... И не туку играј фудбал док не ти порасне НОКОТОТ (вака било правилно на македонски).
Не ми е мене ради тоа што е грдо и ради тоа што ќе паѓа, се плашам дане се инфицира, или нешто слично... тоа ме секира. :nesum: А за играњето фудбал пак дур не зарасне нокОтот, биди сигурна дека нема да се деси. :)

Се надевам со тек на време и со констатна нега се ќе биде ок... Фала. :pipi:
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
647
Поени од реакции
28
Ми игра некој нерв под окото речиси не се забележува ама ужасно ме нервира! Се јавува периодично една недела ќе игра, една не. За шо можи да биди ова симптом?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom