Будва

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Одам често во Будва, секогаш прекрасно си поминувам. единствено што секоја година е се поскапо и поскапо... Но изгледа дека оваа година ќе има намалување на цените, барем така ми велат мештаните. Ме советуваа да купам некое помало станче, на подолг рок ќе ми се исплати. Имаме некоја заштеда, можеби и ќе го сториме тоа. Дали некој има совет во врска со тоа?
 
Дали некој има совет во врска со тоа?
Каде? Во оној дел што личи како скопска Кисела Вода? Веројатно за таму те советувале...
Работевме еден проект за српска фирма која ќе ги продаваше и по 3000 евра квадрат становите со поглед на море, а 1500 накај планината :confused:
Претерано е изградено, а целат кон руски купувачи и цените им беа многу високи до скоро...

За рестораните и кафичите не ми се ни збори колку се без усул скапи. Јас сум бил последниве години 3-4 пати и тоа ми е главна пречка. Убаво е вон сезона, ама пак се цените исти, а морето знае да биде поладно, не е како Грција бањање до ноември...
Јас не би инвестирал на такво место затоа што ќе те бетонира на една позиција да летуваш секоја година, а со толку пари ќе можеш да „прошараш“ малку и по други места....+ и патот е бог да чува, малку потскратен преку Албанија, ама пак...
 
Јас и сакам да одам вон сезона, а во сезона би можел и да издавам ;). Колку што знам русите не се повеќе така бројни, можно е цените да се паднати. Мислев дека вон градот ќе може да се најде нешто поефтино, но изгледа дека е обратно на периферија е доста скапо. Мојат апотрага продолжува....
 
велат дека русите се задржуваат по 5-6 години на едно место и фаќаат магла после тоа.дали ќе биди исто и овде....ќе почекаме за да видиме
 
Најдов некоја агенција за недвижности на интернет, што мислите дали се за верување? Становите им се скапи, но тоа е, мореси е море! Дали некој знае како одат становите во Хергег Нови?
 
друже лани бев точно ова време од годината живеев во стан во игало газдата го продаваше 40.000 еу имаше голема дневна купатило куња тераса и на 1ви спрат 15 мин пешачење до центарот
 
Одам на одмор многу години ама ова сакам да одам да поработам преку летото. Дали некој знај нешто повеќе во врска со работа со Будва (можи и во некој друг град, не е проблем)
 
Досега не сум бил во ЦГ на одмор па сакав да прашам од поискусните тука, како е, каде е најдобро да одат 3 пара кои досега не биле странство на летување? :cool:
 
Досега не сум бил во ЦГ на одмор па сакав да прашам од поискусните тука, како е, каде е најдобро да одат 3 пара кои досега не биле странство на летување? :cool:
Јас бев лани со девојка ми во ЦГ. Сместени бевме во Сутоморе во месец септември и не беввме преку агенција туку сами си организиравме се. Не знам што потреби имате, ама ние супер си поминавме. Шетавме, јадевме,пливавме и сл. Сутоморе како градче е евтино за разлика од другите места, ама биди спремен на постојано ечење турбо фолк музика. Ако сте по таа музика супер. Ние не сме. Градчето е обично ,ама пак викам евтино ќе поминете , за разлика од Будва да речеме. Будва може да одете на крстарење.
То е то. Ако имаш некое прашање слободно прашај.

поз
 
Цени отприлика?
 
Цени отприлика?
Па цените во Сутоморе се релативно ефтини. Во супермаркет како кај нас, во кафич исто како кај нас горе долу. По рестораните пиците беа по 250-300 ден па нагоре, морските плодови околу 10 евра па нагоре Абе види во глобала Сутоморе ти е евтина дестинација за разлика од Будва и други некои поелитни места каде што е и 50 % поскапо за некои работи. Градчето е обично ,ништо посебно, плажата една таа е ,огромна е супер. Е сега имаше ѓубре насекаде и кучиња скитници, а последниот ден пред одење и 3-4 коњи се прошетаа низ градчево ,ама то е. Колку пари толку музика. Препорачвам на крстарење до Будва да одиш. Тоа вреди. Јас лично уште еднаш не би одел, не дека сега ми е криво нешто шо бев, супер си поминавме,ама такво е местото,еднаш се посетува и толку.
 
Досега не сум бил во ЦГ на одмор па сакав да прашам од поискусните тука, како е, каде е најдобро да одат 3 пара кои досега не биле странство на летување? :cool:

Како што ти кажаа погоре, Сутоморе ви е ефтина и добра солуција. Бев минатото лето и ептен ефтино поминавме. Имаше многу млади, значи не е пензионерско место. Не дека има што да видиш во градчето, ама за забава е топ (не очекувај ко у Закинтос да е). Сите опуштени, се журкаат, ретко се наоѓа по некоја девојка во штикли, сите се на ниско (ова инфо е за девојките :D).

Цената на храната е речиси иста ко тука. Исто и пиењето навечер. Текила 1 евро, пиво околу 2 евра, 10 топки сладолед 1 евро, чадор на плажа 5 евра, крстарење до Будва е 10евра (ма да јас не отидов дека мн рано тргаше бродот, околу 9 сабајле), сместувањето е од 5 евра, па нагоре, somersby е 1 евро (мислам дека над 30 испив) итн.

Навечер ечи турбофолк на сите страни. Секоја вечер различни "ѕвезди" гостуваа :D Ако сте ептен против тоа, тогаш подобро одете на друго место. Се наоѓаше и по некоја журка со странска музика ама реткост е тоа. Во 1 по полноќ завршуваат журките и сите се упатуваат на градската плажа :D Многу им е глупо тоа, треба до 4-5 барем да не затварат ама ај. Има и дневни журки на неколку плажи. Јас највеќе одев на Cuba Libre. Најмногу ми се свиѓаше музиката, водата беше најчиста таму и сл.
Како што кажа @Solid, ни јас не би одела по втор пат. Иако убаво си поминав, ако отидам по втор пат мислам дека нема да биде ништо поразлично, веќе се ќе ми е видено. :)
 
Cuba Libre како што знам е во Охрид:vozbud:

шала на страна,мене ме интересираат колку коштаат и какви им се студијата-т.е. соба,купатило и кујна. Да се одвоени од другите `апартмани` пошто во Херцег Нови делевме 1(едно) купатило од 3м2,едно фрижидерче од оние 70 см високи и едно решо 4-5 соби со околу 20 луѓе,и нормално се плаќа по човек,а не по студио
 
Прашањево за будва или за сутоморе?
ако ти е за сутоморе ние бевме у апартман со 2 соби посебно купатило и кујна, и тераса од 30 квадрати на 3 мин до плажа 8 евра човек
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom