Будва

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе дали некој оваа година има одено за Будва и дали може да ми каже информации за понудата што е дадена во еден од претходните постови односно истата понуда која ја има на повеќето туристички агенции. Ме интересира приватниот смештај и колку е далеку од плажа?
 
Луѓе дали некој оваа година има одено за Будва и дали може да ми каже информации за понудата што е дадена во еден од претходните постови односно истата понуда која ја има на повеќето туристички агенции. Ме интересира приватниот смештај и колку е далеку од плажа?

Јас си дојдов четвртокот сабајле. По 10 евра плаќавме на околу 400-450 метри од плажата во приватен смештај.
 
Добро бе од нашиве агенции има само за 10 дневни аранжмани понуди??нема за 7 дневни?
 
Дајте некој нека кажи некое добро приватно сместување во Будва.Да биде блиску центар.
 
И ние ја гледавме оваа понуда, дозна нешто ???

Не гледајте понуди од Арка освен ако одите со сопствен превоз зошто превозот им е од граница за сите понуди освен за Халкидики
--- надополнето: 26 јули 2013 во 21:05 ---
Колку се плаќа за лежалки и бил ли некој сместен во хотел Лоза да каже впечатоци?
 
Не гледајте понуди од Арка освен ако одите со сопствен превоз зошто превозот им е од граница за сите понуди освен за Халкидики
--- надополнето: 26 јули 2013 во 21:05 ---
Колку се плаќа за лежалки и бил ли некој сместен во хотел Лоза да каже впечатоци?

3 eвра лежалката, 2 шаторот.
2 лежалки + 1 шатор = 8 еври.
 
Сте биле во аква паркот?
 
Не гледајте понуди од Арка освен ако одите со сопствен превоз зошто превозот им е од граница за сите понуди освен за Халкидики
--- надополнето: 26 јули 2013 во 21:05 ---
Колку се плаќа за лежалки и бил ли некој сместен во хотел Лоза да каже впечатоци?

Daj podobro objasnimi za ova okoku prevozov.
 
Daj podobro objasnimi za ova okoku prevozov.

Јас уствари ги контактирав за понуда за Грција и ми кажаа дека за ниедна понуда немаат превоз од Скопје туку од граница те зимаат, освен за понудите за Халкидики, ама за Црна Гора изгледа не е така туку само за Грција, сега баш ја видов понудата. Се извинувам за погрешната информација:)
 
Будва не ја посетувам последниве 5-6 години поради примитивизмот и целиот тој дел што наликува на еден вид на „вашар“. Такво нешто имам секаде низ светот, шмекот на стариот град е целосно опкоплен и изолиран - не можеш да дојдеш и да го осетиш а да не пројдеш низ сите тие скари, импровизориуми од тезги, кафулиња што трешти гласна музика (најчесто турбо фолк). Како и да е, ако летувате некаде на ЦГско приморје, отидете еден ден онака чисто информативно до стариот град.
Мене повеќе мерак ми прави Бококоторскиот залив во целина.
 
И јас го имам истото мислење за Будва и нејзините жители. Толку се прости, некултурни и одбивни, таков лош народ нигде по светов немам сретнато. Последен пат таму бев во 2009-тата, бев сместена во Вила Џоги на некои 400-500 м од градската плажа ( словенска ли, како ли ја викаа тие )... Газдата на вилата беше толку безобразен, им се дереше на хигиеничарките без причина, иако имавме платено за соба со поглед кон градот, кога влеговме внатре, терасата буквално се допираше со друга, приватна куќа до нас, еднаш ни падна крпа кога ги сушевме после плажа во неговиот приватен двор кој беше заграден ( а нашата тераса баш над него ) и одвај го премоливме да ни отвори да си ја земеме крпата! На сред плажа, низ морето, поминуваше одвратна, долга канализациона цевка, па недај Боже да голтнеш од водата, толку беше гадна... Од 10 дена одмор, јас 6 во кревет ги поминав од стомачниот вирус што ме фати од гнасното водиште :sick: Се на се, не сум воопшто задоволна и повеќе никогаш не би пошла таму.....
 
Ги читам претходниве постови и се чудам дали правиме муабет за истото место.
Во 2006 и оваа година (се вратив пред 3 дена). Сместувањето ми беше перфектно, стан цел за 35 евра на 300 м од Словенска плажа. Во околината еден куп маркети, пилјари и пекари. Цените малце поскапи од Скопје (освен зеленчук и овошје кое беше доста поскапо). На пример лименка Никшичко од 0,5 л варираше од маркет до маркет од 0,85 центи до 1 евро.
На плажа ги пробав сите од Словенска, Бечиќи, Рафајловиќи. Највише ми се допадна
плажа Каменово (на 3 км од Будва, после Рафајловиќи) нема гужва, бесплатен паркинг, ако не сакаш лежалка не мораш да изнајмуваш има доволен простор и за другите, чиста вода.Исто така би препорачал и островот Св. Никола (се оди со чамец од Будва за 2,5 евра по човек).
Навечер има забава за секого. Ако си по турбо фолкот има секаде, ако го мразиш турбо фолкот, оди во стариот град има кафичи и кафанчиња со разна музика.
Дискотека ТОП ХИЛ (една од најдобрите во Европа).
Гостопримливоста на Црногорците на ниво, единствен проблем е паркирањето ама ако се помачиш се наоѓа па дури и на тротоар без страв дека ќе ти ја крене пајак (ткак барем ми кажа еден мештанин дека на полицијат им било забрането да казнуваат коли со странски регистрации за погрешно паркирање).
Вака можам да пишувам до утре, ама се на се убав одмор.
 
ја идам за будва наредниот понеделник за нова година имаме уплатено преку туристичка агенција за 2 дена барем ке прошетам и ке си ја одморам главата психички ем ке бидам на 2 концерта дино мерлин и желјко јоксимовик и амадеус бенд ако сакат другариве исто ке го прошетам дубровник кај што се снимаа сцените од серијата игра на троновите серијата е (y) исто и котор ке го обиколиме то је то
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom