Имам проблем со иритација на кожата на главата. Почна овој октомври/ноември,м мислев дека е од шампонот, го променив, малце се смири. Во некои моменти пак се појавуваше ама во помала мера. Сега пак е во полн фазон: продуцирам првут во енормни количини, постојано ме чеша, имам повремено некои болки налик кинење на кожа, црвенило а повремено и ранички.
Ени хелп?
Абе бате иритација на кожата е пред се резултат на атмосферските влијанија кои во овој период од годината можат многу да ја оштетат твојата коса.БАШ Е КАРАКТЕРИСТИЧНА ЗА ЕСЕНСКИОТ ПЕРИОД;КОГА ТИ ПОЧНАЛА ТЕБЕ!
Грижата за скалпот е исто толку важна како и грижата за кожата. Изгледот на косата е директно поврзан со состојбата на кожата на главата, така што многу е важно да се користат нежни средства кои нема да ги отстранат природните масти кои се потребни за здрава и сјајна коса.
Мој совет е да пробаш да ја миеш косата ПОРЕТКО , и одбери некој шампон за чувствителен скалп.За да ја задржиш влажноста исплакнија косата со ладна или млака вода- ова уште ќе ја направи твојата коса посјајна.
Иритација можно е да ти е последица и на изложеност на сонце, види за проба зашитувај се со капче некој период , или па неизлегувај во најжешкото
за првутот....Првутот е состојба на скалпот која може да се контролира со различни методи. Има ефикасни шампони и продукти за третирање и спречување на појавата на првут.Првутот е дефиниран како проблем на кожата на главата (скалпот) што се појавува заради прекумерно лупење на мртвото ткиво.
Некои од третманите им помагаат на одредени луѓе, а на некои не
Треба да пробаш разни производи и третмани додека не ја постигниш посакуваната цел.
Пробај да користиш шампони кои содржат ќумур, катран или салицилна киселина. Некои истражувања предлагаат да се користат шампони кои содржат сулфур, селениум сулфид или пиритион цинк.
-Шампоните кои во својот состав содржат катран помагаат во успорувањето на производство на кожни клетки на скалпот.
-Шампоните со салицилна киселина помагаат во отстранувањето на овие клетки. Сите овие шампони исто така ја контролираат појавата на габата P. Ovale, која ја потпомага појавата на првутот.
Доколку првутот е многу застапен, а сите овие шампони не помагаат во негово отстранување, тогаш треба да се консултираш со лекар за кожни болести.
Додека траат третманите за лекуваше на првутот, потребно е да ги конзумираш и следниве додатоци кои помагаат во природното лекување на првутот: пилули кои содржат цинк, витамин Б6, Б-комплекс, витамин Е и масло од лосос. Други важни додатоци се: бета – каротенот, витаминот А и лецитин.
Најважно е да бидиш упорен без разлика кој метод на лекување ќе го избериш. За сите третмани потребно е подолго време за да се видат резултатите. Оваа појава неможе да се излекува преку ноќ, па затоа не откажувај се! Кога ќе одбериш третман кој ти одговара, продолжете со негово користење додека не го забележите подобрувањето.
Ајде те чекам за еден месец , да напишиш што си напрел и какви се резултатите!
позз