Изградба на спрат - колку чини

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Кога сме кај документите и јас се мислев за оваа работа, но постојниот објект ми е во фаза на легализација не е помината комисија

И сега да споделам ако има некој сличен проблем,
ако си во фаза на легализација градиш, одново бараш геодетска фирма да ти премерат да направат елаборат го поништуваш стариот и поминуваш со истата документација за легализација на дивоградба сосе новиот дел.
Значи тука спасив една вреќа пари, а станчето ми испаѓа по мој ќеф, ако сакам слон ќе си ставам на покривот, никому ништо.

Да доградам две соби и да реновирам уште една, да ги покријам скромно со ќерамиди, и да направам купатило, две мали тераси и ходник, дрвени прозорци (Бог знае какви ќе испаднат и дали ќе одат уште 1000 евра на пвц догодина), ме чини 3000 евра, без плоча таа беше готова, без мебел.
Станбениот простор е околу 50 квадрати.
Не е многу добра варијантата дрвени прозорци, земи си ПВЦ :)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796

Во моментов можам да си дозволам само ефтини пвц, тие се за малку поскапи од дрвените, а тие се најлоша варијанта зошто не можеш да знаеш од кај идат и што материјал се, нема да спијам мирно ќе мислам дали згрешив и нема начин да знам.

А дрвените се од мајстор по нарачка, чамово дрво од словенија, дупли стакла со вакуум меѓу нив, не се готови ама се надевам дека ќе се солидни за некој 15-20 години ќе вршат работа.

И трета варијанта да чекам и да збирам пари... не ми се чека некако... трпение спасение е лажна изрека не важи.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Во моментов можам да си дозволам само ефтини пвц, тие се за малку поскапи од дрвените, а тие се најлоша варијанта зошто не можеш да знаеш од кај идат и што материјал се, нема да спијам мирно ќе мислам дали згрешив и нема начин да знам.

А дрвените се од мајстор по нарачка, чамово дрво од словенија, дупли стакла со вакуум меѓу нив, не се готови ама се надевам дека ќе се солидни за некој 15-20 години ќе вршат работа.

И трета варијанта да чекам и да збирам пари... не ми се чека некако... трпение спасение е лажна изрека не важи.
по мене, и најлошите ПВЦ се подобри од дрвените. ...... за да дрвените бидат подобри, .... ух ух, цена преку таван иде за тие. така да нема да згрешиш со пвц. проста математика. трокрилен прозор 210х140(150) е околу 300 евра, двокрилен 140х140 е 200 итн. и ова се цени за саламандер.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Уф... уште не дојдов до тоа, ми откажаа бесплатните мајстори и ми отиде тој дел од парите на работна рака.

Ќерамидите ги заменивме со лим, ама подебел со добра изолација, пак е поефтино од ќерамиди, незнам зошто мислев дека ќе е поскапо
Ми иде да ограбам експозитура најмалата во Скопје не поголема и до задутре се да е готово :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Уф... уште не дојдов до тоа, ми откажаа бесплатните мајстори и ми отиде тој дел од парите на работна рака.

Ќерамидите ги заменивме со лим, ама подебел со добра изолација, пак е поефтино од ќерамиди, незнам зошто мислев дека ќе е поскапо
Ми иде да ограбам експозитура најмалата во Скопје не поголема и до задутре се да е готово :)
Баш ме интересира зошто се одлучи за лим?
Јас куќава што ја купив е со керамиди па се мислам дали да сменам...... :)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Баш ме интересира зошто се одлучи за лим?
Јас куќава што ја купив е со керамиди па се мислам дали да сменам...... :)
Затоа што беше поефтино, и полесно за одржување, и со добра изолација мислам дека е подобро
Ќерамиди тондакс беа 32,5 (13 во м2) некаде 422 ден - тие ги планиравме има и по 26 ден ама не е квалитет
Лим ребраст најскапиот е 330 од м2 цената зависи од дебелината. Има и од 250. Додај и изолација 35 ден од м2. Веројатно ќе земиме од 330 сега се правеше кровот па се припокри со табли заврна, чекаме сонце :) , и немаме одлучено боја. Инаку и работната рака за ќерамиди ставање ќе ти ја зголеми цената, лим се става побрзо. Ти почекај ако згрешиме ќе ти кажам :))) мислам дека е подобро лим.
 
Член од
13 јуни 2006
Мислења
2
Поени од реакции
0
Летото 2008 дигав спрат на куќа во изградба.
Дојде вака работата:
Фирма ми изведуваше работите.
Столбови, ѕидање, плоча, преградни ѕидови, оџак, материјал за сето тоа на куќа од 132 квадрати излезе околу 12000 евра во Струмица.
На сето тоа се изѕида поткровје (хммм...малце повисоко) сосе кров, преградни ѕидови, оџак...
Значи, немалтерисана карабина околу 11000 евра.

Ќе може ли да ми кажеш која фирма ти ја градеше пријателе и дали цените се движат горе долу исто?И ако можеш препорачи ми некоја фирма исплатлива со некаков квалитет.Благодарам однапред
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Me interesira forumdziite so velat deka cinenjeto kluc na raka kosta od 300-350 evra... Dali vo toa ti gi vklucuvaat i davackite kon opstinata, markica, komunalii, materijali, izveduvaci (znaci se i sesto) ili cisto samo izgradbata, bez davackite kon opstinata, elaboratite i ostanoto?
Vi blagodaram
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006

Ќе си подеш во општина и ќе видиш по ДУП на маркицата колку м2 имаш право да градиш.Истото се однесува и на висината.
Проектот ти си го правиш.Во проектот мора да е наведено кој е проектант,инвеститор,изведувач и надзорник.
Ако ти е откупен дворот и имаш маркица се бара дозвола за градба,се поднесува проект и по проектот ти утврдуваат колку пари за комуналии ќе треба да платиш.
Комуналиите се пресметуваат различно за надворешни или внатрешни скали,кујна,трпезарија,дневна,ходник,тераса,подрум,гаража,поткровје и во секоја општина се различни тарифите.
Со изведувачот се договараш дали ќе ти прави карабина,клуч на рака а се разбира дека цената не е иста.Се договараш дали сам ќе си купуваш матерјал или изведувачот.
Немој ни под разно да помислиш да почнеш без документи или самостојно бидејќи казните се големи и може да дојде инспекција да те стопира на градба или да ти даде налог за самостојно рушење а доколку не го сториш тоа тие те рушат.
 
Se toa e vo red, te razbiram so sakas da mi kazis. No, mene me interesira samo dali vo cenata kluc na raka se podrazbira samo izgradbata pocnuvajki od kopanje za temeli pa do totalna izgradba ili vo toa se podrazbira i cenata za ova ti sho go navede?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Se toa e vo red, te razbiram so sakas da mi kazis. No, mene me interesira samo dali vo cenata kluc na raka se podrazbira samo izgradbata pocnuvajki od kopanje za temeli pa do totalna izgradba ili vo toa se podrazbira i cenata za ova ti sho go navede?
клуч на рака значи дека добиваш готов објект во кој се вселуваш. Капариш фирма, им даваш проекти и обезбедуваш дозвола, и се тргаш на страна, пијуцкаш ракоја, мезиш салатки и чекаш да ти јават дека е готово.
Тоа е најскапа варијанта, можеш мноооогу да заштедиш со тоа што сам ќе направиш некои работи со роднина, приател, ако сам набавуваш материјали......
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Me interesira forumdziite so velat deka cinenjeto kluc na raka kosta od 300-350 evra... Dali vo toa ti gi vklucuvaat i davackite kon opstinata, markica, komunalii, materijali, izveduvaci (znaci se i sesto) ili cisto samo izgradbata, bez davackite kon opstinata, elaboratite i ostanoto?
Vi blagodaram
Zavisi kade ke gradis ama mislam deka realno tolku bi trebalo da te kosta so mestoto kupeno i site raboti sto gi nabroi+ dobar kvalitet na rabota.Znaci i so dobri materijali da ti bide izvedeno/Ako sakas sega veke luksuz toa ke te kosta mnogu poveke.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
247
Поени од реакции
136
Некоја добра фирма за кревање на кат да препорача некој? Сакам да кренам кат на мојата кука 115m2 мие куката. Сакам на фирма да им кажа се како да личи (татко ми е архитект ќе среди дизајнот) и они само да средат се да се спремен за да се вселам. Колку би коштало од прилика?
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Некоја добра фирма за кревање на кат да препорача некој? Сакам да кренам кат на мојата кука 115m2 мие куката. Сакам на фирма да им кажа се како да личи (татко ми е архитект ќе среди дизајнот) и они само да средат се да се спремен за да се вселам. Колку би коштало од прилика?
По закон ти треба архитект,инвеститор,надзорник и изведувач.
Цената зависи од тоа со какви и колку квлитетни материјали ќе градиш и внатрешно уредуваш а се движи од 200 евра м2 нагоре.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Некоја добра фирма за кревање на кат да препорача некој? Сакам да кренам кат на мојата кука 115m2 мие куката. Сакам на фирма да им кажа се како да личи (татко ми е архитект ќе среди дизајнот) и они само да средат се да се спремен за да се вселам. Колку би коштало од прилика?
Цената зависи од квалитетот на материјалите, квалитетот на мајсторот и бројот на употребени материјали (сендвич ѕид, подебели ѕидови, повеќе и подебела арматура, подебели столбови...).
Воглавно цената се движи од 200 и нешто евра, па нагоре.
Еве ти и предлог фирми........ фирма 1........... фирма 2........................., вака ми личи дека квалитетно градат:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom