Кога сме кај документите и јас се мислев за оваа работа, но постојниот објект ми е во фаза на легализација не е помината комисија
И сега да споделам ако има некој сличен проблем,
ако си во фаза на легализација градиш, одново бараш геодетска фирма да ти премерат да направат елаборат го поништуваш стариот и поминуваш со истата документација за легализација на дивоградба сосе новиот дел.
Значи тука спасив една вреќа пари, а станчето ми испаѓа по мој ќеф, ако сакам слон ќе си ставам на покривот, никому ништо.
Да доградам две соби и да реновирам уште една, да ги покријам скромно со ќерамиди, и да направам купатило, две мали тераси и ходник, дрвени прозорци (Бог знае какви ќе испаднат и дали ќе одат уште 1000 евра на пвц догодина), ме чини 3000 евра, без плоча таа беше готова, без мебел.
Станбениот простор е околу 50 квадрати.