Prashanjeto mi e za dogradba , od temel ,so 4 stolba,i da bide prilepeno za veke postoeckiot objekt-kuka i so plocki da se zavrshi !
Blagodaram !
Релативно е навистина и не може да предвиди никој колку би те чинело од причина што не можеш да кажеш какви материјали би било вградувано.
Мое мислење средства за работна рака
Рам конструкција со sидање - околу 100 евра
Инсталација за водоводна исталација и елементите во купатилото - околу 80 евра
Инсталација на електричната инсталација - околу 50 евра
Инсталација на керамички плочки (ако се реди комплетно до горе) - околу 120 евра
Грубо некаде би дошло околу 350-400 евра само за работна рака.
Материјалот за електричната и водоводната инсталација не би требало да чини многу, освен ако не се приклучоците многу далеку, па 100 евра би било солидна сума за тоа.
Рам контрукцијата на купатилото ако се гради со класичен блок 25x40 или 16x40 мм потребни се околу 200, односно 300 блока за три sида.
Цената на истите варира, и најдобро е да се видат некаде по огласите да не има некој да продава заостанати блокови и керамиди и не му требаат.
Како и да е отприлика би дошло макимум 200 евра за блокови плус песок, железо, цемент, вар за надворешно и внатрешно малтарење, керамиди или нешто друго, дрвена или метална конструкција за кровотнека биде уште 300 евра би дошло некоја цифра од 500 евра.
Грубо околу 1000 евра само за изградба и приклучоци за инсталација.
Плочките варираат од 5 евра па нагоре и затоа немам напишано цена.
Имаш некои 25 кв, што значи најбуџетна варијанта би било 150 евра, плус ти треба околу 100 евра за врата во купатилото.
Според мене околу 1300 евра.