Како изгледа војничкиот пакет на сув оброк ширум светот

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Знам местото за темава не е баш најсоодветно, но друго и не најдов

The Guardian опубликува фотопроект, каде ги демонстрира војничките пакети со суви оброци скоро од цел свет.
интересно е да се погледне и прочита што тие содржат http://www.theguardian.com/lifeandstyle/2014/feb/18/eat-of-battle-worlds-armies-fed

Посебно интересно е за Естонија- каде во барањата од учесниците во тендерот било стриктно потенцирано да СИТЕ продукти од тој војнички пакет бидат произведени во Европската Унија
цената на естонскиот пакет-за еден оброк е — 3,50 евра, за два — 5,50,а за 24 часа чини 13,14 евра.
годишно Естонија купува вакви суви пакети во вредност од 8,5 млн евра Тендерот го добиле фирмите Smarten Logistics AS, Kommivabrik OÜ и Eugesta Eesti AS. А следниот им е тек во 2017 година
1.jpg

Што содржи естонскиот пакет на сув оброк : супа-гулаш (производител — Австрија), јетрена паштета (Естонија), кокошја супа (Естонија), карамели(Германија), ржан леб (ЕУ), шеќер (Данска), енергетски напиток (Данска),пиперки (ЕУ), чоколада (Швајцарија), чај (спакуван во Шри-Ланка), кафе (спакувано во Естонија), крекери (ЕУ), мусли (Франција)..

Германија
ushtria12.jpg



КАНАДА
combatration02.jpg


САД
20142102131544.jpg


ФРАНЦИЈА
suhie-payki-v-raznyh-armiyah-mira-11-foto_4.jpeg


ИТАЛИЈА
rations-5.jpg


Британија
combatration06.jpg


Австралија
suhie-payki-v-raznyh-armiyah-mira-11-foto_8.jpeg


ДАНСКА
repas-armee-Canada-640x407.jpg


Сингапур
20142102131640.jpg


Шпанија
1392878940_010.jpg
 
Бреее ко ранче за на екскурзи изгледаат дел од овие.
Се знае бре воен оброк....конзерва месни нарезак и грав и тоа ти е......овие бомбончиња и чоколатца си добиваат :ROFLMAO:
 
Сите се никакви, ама овие на Сингапур најбедно...:)
 
Во ЈНА СДО (суви дневни оброк) добивавме еднаш месечно кога ќе се чистеше генерално кујната - на терен или ако патуваш на пример на отсуство на подолга релација.)

sdo1.jpg
Овде има една од најубавите паштети кои сум ги јадел - гвриловиќ, конзерва зденка и конзерва главно јадење (грав, ориз, зелка...) имаше бомбони најчесто декстроза не од овие квик, ќесичка чај на растварање - со никаков вкус и во тубето е кафамед (кафе помешано со мед)

sdo2.jpg
овде е сардина . чуввениот двопек кој беше тврд како керамичка плочка но убав ако го макнееш во топол чај или млеко, на сликите фали овошната коцка - омилен дел тоа беше пресована тврда коцка од разни овошја, многу добра полна со енергија
Од појадок - вечера имаше паштета, нарезак, сардина (поретко и туна), зденка, имав еднаш добиено и овчко месо (на заебанција го викавме тоа туцана овца у конзерви)
главен оброк омилено беше конзерва грав - ненадминат вкус, имаше и ризи бизи, зелка а еднаш начеккав и шпагети со ќофтиња од месо
од додатни работи како што споменав некои бомбони со витамини, декстроза, ќесичка чај (старешините добивавме и ќесичка инстант кафе) овошна коцка и двопек (во некоои немаше двопек туку се добиваше и следување леб. Од оние на сликата горионици со кој се стоплуваше храната (за една употреба) ретко гледав. Имам изедено камион вакви пакети...... ееее младост...
 

Attachments

  • sdo2.jpg
    sdo2.jpg
    6,4 KB · Прегледи: 20
Пакетот од Германија ..... 60 % од содржината е ..... :)
 
татко ми неколку пати има донесено вакви војнички пакети...и да ви кажам ич не се пријатни , али сепак се доста она хранливи... :)
 
татко ми неколку пати има донесено вакви војнички пакети...и да ви кажам ич не се пријатни , али сепак се доста она хранливи... :)
Сега можеби пазат и на вкус али јас немав никогаш проблем со војничката храна, се си беше тука и калории и енергии и масти.... пукавме од кондиција. Вкусот е друга работа на некои не му се бендисуваше, на некои да... исто како и во работнички мензи, студенски ресторани..... реткост е во касарна од 3000 војници сите за ручек да бидат задоволни.
 
Германскава храна изгледа непроменето. Се сеќавам дека татко ми имаше носено од тие германските бисквити. Ги разменил на Попова Шапка (2001-2002), за обланди. Таму биле килибарниве лисици од Германија.
 
Хехе неколку пати имам јадено од тој Америчкиот.
Најако е таа кесата кај што пишува Do Not Overfill
Внатре се става топлиот оброк и кесата се полни со вода од матарката Се ствара хемиска реакција и водата почнува да врие го ваѓаш оброкот кинеш кесицата внатре чади гулашот. Земаш лајцата и сркај! Мх Мх Мх што би рекла Алачки
 
....ако не ме лажат очиве во пакетот на Канада и Британија приметив Палома, но не и во пакетот од ЈНА презентиран од @let3

словенциве ги бивет за бизниз:unsure:
Палома??
ЈНА?
хахахаххахаа аааа ххахахаххахаха аа а аа
 
Бегај бе, тотално ти одговара профилот како за водник! ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom