Деца бе, дај излезите надвор. Пролет е, годишното време кое е измислено за љубов водење во четири очи. А не преку два екрана, две тастатури и сите пропратни компјутерски елементи. Мрднете си ги дуповите од пред компјутер и поканите ги луѓето со кои си го имате муабетот на ФБ, на дејт во живо. Така бар ќе ги запознаете вистински и најдобро ќе дознаете дали личноста го има потенцијалот кој вас ви е потребен за да бидете среќни во една врска. Башка на дејтот, надополнет со звукот на птичките кои пеат околу вас, ептен романтики ќе имате. И не заборавајте да скинете еден цвет и да и го подарите на девојката. Ако не падне на таков гест, на што друго би паднала.