Долгоочекуваната моја топ 10 листа у која вложив сериозен труд на градење и конечно по два месеци успеав да ја составам. Почнувам од 10то па нагоре, секоја ќе има по некој стих кој ќе биде ептен тешко да го издвојам од толку добри текстови али ќе пробам, so sit back & enjoy...
10.
Шабан Шаулич - Краљице Срца Мога - Песна испеана со многу јака емоција, пригодна за повеќе намени и еден совршен баланс од оптимизам и песимизам, у секој момент може да ја пуштиш, без разлика дали сакаш да се орасположиш или ако си у мал rage mode.
- Верни слуга што те моли, заробљеник... што те воли. Ти краљице... моооогааа срцаа!
9.
Eminem - Lose Yourself - Речиси секој човек (почесто тие што се околу мојата генерација барем) прошле низ една раперска фаза, без разлика дали траела некој месец или некоја година. Мојава траеше бајаги, ама апла бајаги, цело основно и почетокот на средно, па после станав шабанар. Како и да е, ова е првата песна со која се "нафатив" на рапот, замислете ме ко мало детенце од прво одделение како си ја пуштам песнава на касета на системот. Значи колку треба да е добра песнава, за јас како неопитно мало детенце толку да се напалам на неа, и сега кога знам дека истата таа песна се смета за можеби најлегендарното и најхардкор нешто произлезено на музичката индустрија у 21ви век, факт што дури и оние кои не слушаат рап не го негираат.
-
Success is my only motherfucking option, failure's not!
8.
IN VIVO & Djomla KS feat. MARCONi - Meni je dobro - Долго време барав ваква песна, песна која може у секој момент да ме орасположи. Текстов вришти од позитивност, музиката е јака и самиот амбиент кој ти го пренесува кога ќе ја слушнеш те тера да се сетиш на сите оние позитивни работи у животот, работите кои се памтат и за кои вреди да се живее. Дечкиве Ин Виво откако ја напраија "Моје Лето" стварно стануваат се подобри и подобри, вистинска сензација на балканов. Џомла исто така праи многу јаки хитчиња, и прашање на време е кога ќе се пробие повисоко и ќе стане попопуларен. За стихови, само воведните ќе ги оставам.
- У свету је постојало царство, у њему је царовало другарство. Сваки дан се питам зашто, људи мењају другарство за богатство.
7.
Тоше - По тебе - Не може Тоше да не биде на листава. Човекот кој покажа што значи да си човек, макар и во мала земја како нашава, дека секогаш човечките дела секој ги памти и дека со комбинирање малку талент и малку труд можеш да инспирираш многу луѓе. Но песнава е стварно убава, иако он сите песни си ги пее со полна емоција, оваа е песната која ми е најомилена од него, која јас си ја пеам со целосна емоција. Секој збор е на совршено место и текстот автоматски станува одлично склопен, а и веселото музиче у позадина те тера да се насмееш и само лево-десно да мрдаш со главата ко дебилче
-
Со тебе под еден чадор да се стиснам, да сум среќен иако на пола киснам.
6.
Синан Сакич - Минут, два - Можеби најнегативна од овие, али како и сите други, предизвикува многу моќна емоција. Секој кој имал некое силно чувство према некоја девојка која не е веќе со него одма ќе си ја поврзе песнава со таа емоција. Одма чим слушнам како почнува, автоматски затварам очи и прекинувам секаква друга активност која ја правам дур не ја ислушам песнава. Дур го пишувам ова сфаќам колку заслужува да стане попопуларна и колку што може повеќе луѓе да ја ислушаат, верувам дека со 3 минути и 24 секунди гасење на стереотипите за ваквата музика, секој ќе осети нешто многу моќно.
-
Само један трен, Боже, значи ми, као године крај друге.
5.
Саша Ковачевич - Браним - Секако, човекот кој неговите фанови најмногу го сакаат, и човекот кој некои ич не го сакаат, според мене чисто пошто си е популарен и напраи бум на сцената, се појави од нигде и со секој нов сингл покажува за колку квалитетен пејач станува збор, а некои имаат таква социопатска склоност да не ги сакаат тие луѓе и од старт да го отпишат. Секоја нова песна му е подобра од претходната, нема да бидам изненаден ако следниот сингл му е подобар и од овој. Прилично сум убеден дека човеков ако почне да ги прави истите ствари кои ги правеше Тоше, може лесно да стане исто почитуван и популарен како него. У секој случај го има гласот, и за мене тој е најдобриот пејач на Балканов моментално, без никакви дилеми.
-
Ја падам... и устајем због нас. Ја правдам теби све у задњи час. Ја праштам... и то што грешна си. И не мирим се с'тим, да ниси, више, ниси моја ти.
4.
Недељко Бајич Баја - Од Љубави Јаче - Баја многу го поштувам, у секоја песна се одликува со неговиот посебен стил. Али песнава нема да ја објаснувам многу. Има некој посебен ефект и со сигурност тврдам дека девојката на која ќе ја посветам песнава, ќе биде девојката која ќе ја оженам! Морам целиот рефрен да го ставам.
- Позови ме у поноч, зови ме у зору, добро знаш да никад не спавам. И када сам у гужви, заузет у служби, за тебе сам ту да поправим дан! И када ти се плаче, пожели ме још јаче, знам где праве најбоље колаче. То није љубав... то је од љубави јаче.
3.
Ацо Пејович - Макар Задњи Пут - Ако од некоја песна сум се наежил, тоа е оваа. Песната во целост е фантастична, али почетокот... текстот на почетокот, се до рефренот. Кога од таква позитивност со само два стиха ќе те спушти, ќе те УДРИ на земја. Не може, не проаѓа ниеднаш да не ја ислушам, а да не ме наежи тој дел. Ако мене такво нешто ми предизвикува, ова не може да не влезе во топ 10, дефинитивно најдобрата од ваквиот жанр.
-
Подижем ти вео и нежно те љубим. Ко анџео бели насмејана ти си. И онда у зноју из тог СНА се будим. Схватам да одавно више моја ниси...
2.
Simple Plan ft. Sean Paul - Summer Paradise - Мало изненадување тука, летно хитче кое можеби за некои беше моментално, али мене ми остана "врежано". Значи не е можно како песнава излезе пред 2-3 години, а ја секад кога ја слушам се осеќам како пак за првпат да ја откривам. Поседува веселост, авантуристичка желба, верување во "таа" девојка за која и покрај некои препреки ќе дадеш се од себе да се избориш за неа, се тоа додека мислиш на заминување на некое безгрижно место кај што секој проблем го оставаш назад, и само се препушташ на задоволствата кои ги нуди животот, со луѓе кои сакаат да го споделат тоа со тебе. И сфаќаш како, ако секој ден ти е таков, животот би бил нешто кое секој би го ценел секоја секунда што има можност да живее во полн здив.
-
'Cause I remember every sunset. I remember every word you said. We were never gonna say goodbye. Sing la-la-ta-ta-ta...
1.
Елитни Одреди ft. Aнабела & DJ Shone - Е, е, е тука сум веќе speechless. Не сум сигурен каков коментар да дадам. Песнава ми е рингтон од моментот кога искочи, пред 3 години, со неколку краткотрајни прекини. Замислете, ја слушам секој ден кога ми ѕвони телефонот и с од скурчено ми нема. Настапуваат најдоброто дуо на балканот, една од најдобрите и најубавите пејачки направена само за вакви балкански хитови, и дефинитивно најдобриот ди-џеј на балканот, а најдоброто од се, песната е за најдобриот град во кој некогаш сум бил, а тоа е едниот и единствеиот - БЕОГРАД! Грев е кога ја слушам ако не ја мавнам до даска. Моментално ја слушам и пак сум АААААААААААААААААААА !!! PSYCHED до даска и никад нема да ми здосади ова, ни грам ми се нема спуштено возбудата од првиот пат кога ја пуштив, па се до овој момент. И не ви оставам стих. Слушајте ја и знајте на која песна највише се дивам.
Знам дека тешко да има некој кој ќе се сложи со изборов на песниве, али што е тука е, мене ова ми се песниве кои со сето срце си ги сакам, па се надевам ви се свиѓаше