Јас ќе си праам update на листава, како што ќе ми текнуваат (секако, доколку може?). За сега:
1.
Poets of the Fall - Carnival of Rust - Дефинитивно мојот број 1! Песната со најголем број преслушувања во животов, песната со најдобриот спот кој некогаш сум го гледал, песната која не верувам дека некоја друга некогаш ќе ја симне од врвот.
2.
Klaxons - Echoes - Не знам што да кажам? Според мене, ремек делото на еден од моите најомилени бендови. Најјак од се ми е текстот кој е нивоа и нивоа над се останато што сум слушнал.
3.
Nick Cave and Bad Seeds - As I Sat Sadly By Her Side - Песната што иако неколку години ми го нарушува сонот (поставена ми е за аларм на телефонот
) се уште не сум почнал да ја мразам. И мислам дека никогаш не би можел!
4.
Smith and Burrows - When The Thames Froze - Има некоја магија во песнава која ме тера секогаш кога ќе ја слушнам да се наежам од глава до пети. Грее одвнатре! Дефинитивно најдобрата божиќна песна која било кога е направена.
5.
Muse - Time Is Running Out - Песната со која ги запознав и засакав Muse. Сепак, не можам многу лесно да се одлучам помеѓу неа и оваа:
6.
Muse - Hysteria - I want it now, I want it nooooooow...
7.
Klaxons - It's Not Over Yet - Песната со која ми го растурија умот! И со која и ден денес ми го растураат!
8.
Haustor - Sejn - За мене - најдобрата од Екс Ју, и иако не успеа да победи на изборот тука, ќе остане мојот број 1.
9.
Let 3 - Dijete u vremenu - Имам неколкупати речено на форумов: да направиш песна на музика од Deep Purple и текст на Шабан Шаулиќ треба да си мрднат. А да направиш песна на музика од Deep Purple и текст на Шабан Шаулиќ и таа да звучи вака, како Dijete u vremenu - треба да си генијалец! И како да не ја сакаш после?
10.
SevdahBaby ft. Anette and Jinxx - Najbolja pesma - Ова претпоставувам е некој моментален и преоден мој фазон, зошто сигурно гледате дека песнава се разликува од се друго на листава, но не можам да не ја ставам тука по огромниот број на преслушувања особено во последниве неколку месеци. Што да правам - со секое слушање ми внесува некоја позитивна енергија во мене, ме полни. Стиховите „Мора да буде добро, да буде боље, да буде најбоље...“ си ги потпевнувам секогаш кога ми е потребна мотивација зошто на вибрациите кои ги шират не им се рамни ни 300 био(или какви било)енергетичари.
Меѓу песните кои некогаш биле на листава, а на кои ми текнува во моментов, не можам да не ги спомнам:
-
Black Keys - Little Black Submarines
-
Evanescence - My Immortal
-
Hurts - Wonderful Life
-
Hurts - Confide In Me
-
Of Monsters and Men - Little Talks
-
Rasmus Seebach - Natteravn
-
Raglans - Down
-
Zemlja Gruva - Najljepse zelje
-
EKV - Par godina za nas
-
EKV - Zemlja
-
EKV - Kao da je bilo nekad
-
Kismet - Raven
-
String Forces - Kade begas
-
Foltin - Lo-Lee-Ta-Too
-
Foltin - Garneta
-
Ansatasia - Passover
и многу, многу други...