Формула 1 - сезона 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата M1K1 007
  • Време на започнување Време на започнување
ЛОТУС ПОБРЗ ОД ВИЛИЈАМС И МЕКЛАРЕН

Алан Перман, главен инженер на Лотус, во изјава за германскиот Ауто мотор унд спорт тврди дека
нивниот проблематичен болид е подобар од Вилијамс и Мекларен.
Всушност, тимот од Енстоун има проблеми со издржливоста на E22, само поради проблематичната Рено ПЕ.

"Ние се уште сме во процес на учење. Претпоставувам дека ние треба да го направиме чекор напред,
сличен на оној на Ред Бул помеѓу тестирањата во Бахреин и првата трка во Мелбурн."

Трошка надеж во кризата која го погоди овој тим имаше во Малезија,
кога Роман Грожан барем успеа да ја заврши целата трка, иако без освоени поени.

"За нас тоа е голем чекор, иако ние не сме задоволни со 11-то место.
Но, нашите времиња во вториот сектор покажаа дека нашиот болид е брз во свиоците.
Побрз од Вилијамс или Мекларен. Во другите два сектори ние заостануваме, особено при сопирањето."

"Ние имаме пристоен болид, но ние заостануваме со ПЕ, дури и во споредба со другите Рено тимови.
Но, тоа е наша вина. Нам ни треба повеќе време. Ние не ги идентификувавме проблемите на време,
за да почнеме да ги средуваме. Ние, во Бахреин, ќе направиме исчекор со развојот на ПЕ,
поголем чекор во Кина, а потоа уште еден во Шпанија."

http://mkformula1.blogspot.com/
 
Викендов ќе се разговара за можна промена за некои правила во Формула 1, поконкретно за правилото за протокот на гориво од 100 литри на час, http://f1.com.mk/NfyTT
 
Па дај боже да се укине:cuc:. Дали штедењето на гориво личи на еден спектакал како што е Формула 1??? Според Реми Тарфин од Рено, ако се укине тоа правило би можело да резултира со поглесни мотори:cuc:. ДАЈ БОЖЕ ДА СЕ УКИНЕ!!!
 
Нормално дека не личи за Ф1. Иначе сигурен сум дека за ваквото укинување би бил и Дмитрих Матешиц од Ред Бул, премногу е богат и сигурно има големо политичко влијание во Формула 1, после изјавата дека би можеле да се повлечат од Ф1 кое што ништо чудно да се оствари доколку не се сменат некои работи имаше особено критики кон звукот на моторите како и за правилото за протокот на гориво со кое што Ред Бул имаат проблеми уште од зимските тестирања. Ако го укинат тоа конечно , би била мала победа по мое мислење, затоа што ќе повлече само по себе и други промени, како прво можно е да се смени звукот на моторите, али ај да видиме шо ќе решат "политичарите" o_O
 
Абе добро батали ја таа политика, веќе 5 -6год. интензивно следам Ф1 и не сум видел некој да штеди и да го намалува бр. на вртежи поради горивото!?
 
За годинава се намалени максималните вртежи на моторите на 15 000 мислам, а реално одат на 12к максимум, ако се земи во предвид правилото за 100 литри на час реално неможе да одат на повеќе врежи, затоа велам, се е исповрзано, доколку се смени едно правило само по себе ќе повлече и други...[DOUBLEPOST=1396621773][/DOUBLEPOST]И заборавив да допишам, читав нешто во стилот на предлог дека може и вкупната километража на трките да ја намалат, да скратат демек 10-15% од вкупната должина на трката. Според мене ова е коренот на проблемот - правилото од 100 литри на час, тоа нека го тргнат и ќе видиме многу повеќе претекнувања и многу повозбудливи трки, е сеа Мерцедес најверојатно и во таков случај би доминирале ама барем малку поназад би гледале интересна трка. Реално сите што се залагаат за промени се влијателни луѓе, претседателот на Ферари, па и самиот Берни изјави дека не е задоволен од правилата посебно од звукот на моторите, Фетел исто така изјави дека звукот бил 'срање'. Ќе видиме допрва што ќе биде...
 
Последно уредено:
fPcNd3X.jpg

Kими цел ден неможи да се отрезни :D
 
Доминација на Мерцедес и во првата и во втората сесија, сосема очекувано. Една секунда пред останатите, и утре на квалификациите очекувам иста приказна така да ништо чудно да гледаме уште една досадна трка викендов. http://f1.com.mk/mercedes-povtorno-na-vrot-vo-vtorata-slobodna-sesija/
 
За годинава се намалени максималните вртежи на моторите на 15 000 мислам, а реално одат на 12к максимум, ако се земи во предвид правилото за 100 литри на час реално неможе да одат на повеќе врежи, затоа велам, се е исповрзано, доколку се смени едно правило само по себе ќе повлече и други...[DOUBLEPOST=1396621773][/DOUBLEPOST]И заборавив да допишам, читав нешто во стилот на предлог дека може и вкупната километража на трките да ја намалат, да скратат демек 10-15% од вкупната должина на трката. Според мене ова е коренот на проблемот - правилото од 100 литри на час, тоа нека го тргнат и ќе видиме многу повеќе претекнувања и многу повозбудливи трки, е сеа Мерцедес најверојатно и во таков случај би доминирале ама барем малку поназад би гледале интересна трка. Реално сите што се залагаат за промени се влијателни луѓе, претседателот на Ферари, па и самиот Берни изјави дека не е задоволен од правилата посебно од звукот на моторите, Фетел исто така изјави дека звукот бил 'срање'. Ќе видиме допрва што ќе биде...
Е јеби*а!!! Уште да ги скратат трките треба :tapp::tapp::tapp::tapp::mad::mad::mad::mad::drk::drk::drk::drk:. Да ги :drk: ФИА.[DOUBLEPOST=1396645136][/DOUBLEPOST]
fPcNd3X.jpg

Kими цел ден неможи да се отрезни :D
Абе, на Кими може слободно да му дадат коњче. Уствари да бе, заборавив... тој веќе вози коњче. :ROFLMAO:
 
У колки са квалификациите утре?

Sent from my ST21i using Tapatalk
 
Годинава Мерцедесов ќе биде Ред Булот од лани
 
Опет истото од лани. Наместо како 2012-та на сите први 10 трки да имаме се различни победници, и да биде неизвесно... Но тоа е нема што да се прави.
 
Утре ќе гледаме две трки истовремено, хамилтон и розберг, и таму назад на 20-30 секунди останатите :) тој шо не гледал еве и резултати http://f1.com.mk/CtxcA
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom