Не ми е задача, од чист интерес е.
Ако веќе те интересира, проектната ми беше по сонолуминисценција, ако сакаш примерок, фино побарај си.
Фала за помошта.
Зависи за што ќе го користиш копјутерот и дали си на ограничен буџет или пак ке правиш ,,Трифун Костовски" конфигурација
-За ограничен буџет, AMD се измислени и солидни, на пример за исти пари можеш да земеш Intel i3 или AMD FX 6300. i3 ти е dual core со hypertherading, додека FX 6300 ти е 6 јадрен процесор. За играње и двата ќе си ја вршат работата солидно, но некои игри кои што користат повеќе од две јадра, FX 6300 ќе има подобри резултати. Доколку пак се бавиш со рендерирање и едитирање, суровата сила на 6те јадра на FX 6300 ќе го уништат Интеловиот i3.
-Исто така 8 јадрените AMD се поевтини од квадовите без или со hyperthreading на Intel (како i5 или i7), FX 8320 е скоро 9000 денари, додека неговиот еквивалент од Intel е i5 4670к, кој во моментов чини 12500 денари. И двата процесора ќе вадат скоро слични фрејмови во различни игри,i5 4670k можеби и нешто подобро, но не толку подобро за да му биде оправдана ценовната разлика од 3500 денари. Во сценарио како рендерирање, едитирање или стриминг, пак суровата моќ на 8те јадра кај FX 8320 ќе ги надмине 4те јадра на i5 4670k
-Доколку имаш неограничен буџет, Intel е подобриот избор, има подобри матични за него и користи помалку струја. i5 4570-4670- 4670k е изборот за гејминг, i7 4770-4770k e изборот за рендерирање, едитирање и работа со други апликации кои што имаат потреба од hyperthreading опцијата кај i7
Постарите Core 2 Quad, како q6600, Q8000 и Q9000 сериите, како и i5 700 сериите, се застарени и поновите i3 би биле подобри од нив, иако се Dual Core со hyperthreading