@StayVoice
Како и на секој нов член првиот совет кој треба да му се даде е пред да се отвори тема да се разгледа дали веќе постои иста на тој начин можеш да провериш преку пребарувачот, второ доколку не постои тема може да се отвори секако но на правото место. Бидејќи веќе има ваква тема
Асексуалност. Ништо страшно за прв пат.
Инаку овој моабет го правев пред година и нешто паметам со другар нешто тогаш одговорот од моја страна беше пу пу не дај боже да да налетам на таква личност.
Прво што е Асексуалност?
Асексуалност означува недостиг на сексуална желба и привлекување. Луѓе, коишто чувствуват постојано недостаток на сексуално привлекување и желба за сексуален контакт се нарекуваат асексуални. Во науката има спорови дали асексуалноста е сексуална дисфункција или вид на сексуална ориентација.
Асексуалното поведение (воздржувањето од сексуални контакти) не е задолжително обврзано со фактичка асексуалност. Кога асексуалното поведение е како резултат од личен избор и погледи, тоа се нарекува целибат. Целибатот е карактеристичен за определени представители на некои религии (пр. православните монаси, католичките свештеници) и култури.
Често асексуалното поведение е резултат од несакањето на некои луѓе да ја прифатат сопствената хомосексуалност од една страна, и недостигот на интерес кон спротивниот пол, од друга.
Они коишто ја разгледуваат асексуалноста како сексуално нарушување, посочуваат различни причини за нејзината појава, меѓу кои: преживеано сексуално насилство, сексуална репресија (поради хомосексуалност и др.), хормонални проблеми и др.
Голем дел од асексуалните луѓе не ја прифаќаат дефиницијата "нарушување", тврдејќи дека состојбата не им предизвикува чувства на незадоволство, страдање и несреќа. Често истакнуван аргумент е, дека во минатото слични категоризации се биле користени наспроти хомосексуалноста, а денес науката ја разгледува како легитимна сексуалност.
Дефинитивен став за карактерот на асексуалноста не може да биде даден, поради недостигот на квалитетни испитувања во областа.
Јас искрено добро што не сум налетал на таква личност иако се сметам како малер за многу работи бидејќи дефинитивно ме бие не би сакал ни во поле на сексот да имам малер...но сепак до сега никогаш не сум налетал на таква личноста која асексуална доколку налетам баш би сакал да направам моабет како тие ги доживуваат некои работи, како им се одвива бракот, врската... итн. Бидејќи според мене навистина е чудно како тоа еден човек да нема желба за секс и личен контакт...
