Џ
ЏинЏер
Гостин
Многу сонувам во последно време и секогаш се будам поуморна отколку пред да заспијам. Значи не се работи за кошмари, или за некои необични, фантастични сонови или па цело време да ми се повторува еден ист сон... Не, едноставно сонувам реални работи (понекогаш и по повеќе сонови во текот на една ноќ, иако не спијам повеќе од 5-6 саати) и што е најчудно и откако ќе се разбудам, прилично јасно се сеќавам на сништата. Па, почнав да се прашувам што тие значат.
На пример, претходната ноќ сонував како сум добила уште една сестричка (инаку сме три сестри). Мајка ми во сонот не се појавува, едноставно се враќам дома, гледам бебе и знам дека ми е сестра и и го давам името Ема (не познавам личност што се вика така и не знам зошто баш тоа име). Целиот сон е како се грижам за неа, ја шетам, хранам, пресоблекувам и последно што памтам е дека и беше прв роденден... потоа се разбудив.
Исто, пред неколку вечери, сонував дека сум во врска (или нешто слично) со еден професор од факултет. Типот е постар, четириесет и нешто години и не е нешто посебно привлечен, појма немам како покрај толку млади и згодни професори/асистенти баш нему му текнало да ми иде на сон Памтам дека нешто бев тажна, како да имав некој проблем и плачев и тој дојде и ме гушна.
Знам дека не се некои длабоки соништа и не можам да ги опишам подетално, пошто така и ги сонувам-површно. Само ме интересира што би можеле да значат.