Сонови, толкување на сонови

Џ

ЏинЏер

Гостин
Многу сонувам во последно време и секогаш се будам поуморна отколку пред да заспијам. Значи не се работи за кошмари, или за некои необични, фантастични сонови или па цело време да ми се повторува еден ист сон... Не, едноставно сонувам реални работи (понекогаш и по повеќе сонови во текот на една ноќ, иако не спијам повеќе од 5-6 саати) и што е најчудно и откако ќе се разбудам, прилично јасно се сеќавам на сништата. Па, почнав да се прашувам што тие значат.
На пример, претходната ноќ сонував како сум добила уште една сестричка (инаку сме три сестри). Мајка ми во сонот не се појавува, едноставно се враќам дома, гледам бебе и знам дека ми е сестра и и го давам името Ема (не познавам личност што се вика така и не знам зошто баш тоа име). Целиот сон е како се грижам за неа, ја шетам, хранам, пресоблекувам и последно што памтам е дека и беше прв роденден... потоа се разбудив.
Исто, пред неколку вечери, сонував дека сум во врска (или нешто слично) со еден професор од факултет. Типот е постар, четириесет и нешто години и не е нешто посебно привлечен, појма немам како покрај толку млади и згодни професори/асистенти баш нему му текнало да ми иде на сон :) Памтам дека нешто бев тажна, како да имав некој проблем и плачев и тој дојде и ме гушна.
Знам дека не се некои длабоки соништа и не можам да ги опишам подетално, пошто така и ги сонувам-површно. Само ме интересира што би можеле да значат.
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204

сите сонуваме..по цела ноќ,а не како што велат некои само неколку секунди пред да се разбудиме.. тоа е заради фактот што пред да се разбудиме нашата свест се копира од астралното тело во физичкото и тогаш соновите допираат до мозокот и можеме да се сетиме на нив, затоа и непосредно после будењето најмногу се сеќаваме, а тоа што некој само малку се сеќава се должи на блокадите во енергетските канали и тела кои не дозволуваат свеста целосно да се пренесе туку се пренесуваат само делови ...
---конкретно ти што сонуваш многу секојдневни работи е заради тоа што пред спиење си оптеретена со денот што поминал,со секојдневните планови и обврски и сето тоа се рефлектира во потсвеста и потоа ти се враќа во соновите и те исцрпува а би требало да биде
спротивно,да си легнеш со празна глава, имаш бројни предности,ке заспиеш полесно,ке се одмориш,и ке добиеш/донесеш некое решение од таму, значикога ке легнеме ослободени од мислите и проблемите на секојдневието,односно со "празна"глава ,тогаш можеме оттаму да донесеме некоја порака , тоа се пораки од нашите водичи,од нашата
душа.. така многу полесно се решаваат проблемите наместо да ги мозгаме пред спиење па и од нив да не можеме да сме раат и додека спиеме...
---сонот со сестрата значи дека ти е потребна заштита,а таа заштита ја добиваш и ја имаш ,сестрата е голема помош и заштита
другиот сон со професорот ,повторно укажува на тоа дека имаш помош ,заштита и водство ,ликот од факултетот е само симбол на тоа а се однесува на школата на животот, ... значи се наоѓаш во некоја тешкотија ,имаш проблеми и потребно е да научиш или да сфатиш нешто за да се сето тоа реши и да одиш напред,ги имаш сите предуслови за да го поминеш успешно овој период,сестрата како симбол на помош и заштита,професорот како утеха поддршка и водство... размисли малку за себе и својот живот , погледни внатре во себе наместо да бараш вон себе ,решенијата се тука, во тебе самата , ќе знаеш да ги препознаеш ...
 
Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Луѓе ај кажете ми шо значи сонвав дека имало војна, јас, мојте и некои приајтели сме седеле затворени во мојата соба се било заклучено прозорци затворени ролетни спуштени и само се слушале истрли од топој надвор и гранати кај шо пукале. И ние в соба за да ни се оттргни стравот сме свирече на гитара :свиркам:
Шо значи сонов, ова со војната ме загрижва? :confused:
 
moze da ima povekje znacenja, ama najverojatnoto spored ova tvoe pisuvanje e deka sakas da pobegnes od neprijatnostite na svoeto sekojdnevie, imas nekoi konfliktni situacii so ona sto go zivees i ona sto go sakas, vo drustvo ocigledno si sakana i pocituvana osoba zatoa tie se tuka da ti pomognat i da te zastitat, kga si so niv ednostavno se osekjas kako sto treba.... moj sovet bi bil da se pomiris so sebe samiot, i da ne begas od zivotot tuku da se soocis so nego zasto nikoj drug toa ne moze da go napravi za tebe ... pozdrav!!
 
Член од
15 јули 2013
Мислења
23
Поени од реакции
16
Sto znaci da sonuvas da bides so bliska licnost koja e pocinata se vrakate od edno planinsko selo zaedno.Potoa odite na edno mesto(mestoto kade se slucia nesreka) i kako vremeto da se vratilo nazat i da znaes deka treba da i se sluci od koja treba da umre utre denta i plakas vo sonot no vo isto vreme kako vo glavata da slusas glas koj ti kazuva deka toa ne smees da go kazes oti taka treba da bide.
Moze li odgovor :unsure: @metatron
 
Член од
22 декември 2010
Мислења
290
Поени од реакции
204
...понекогаш избегнувам да кажам некои работи затоа што е неблагодарно да бидат кажани од моја страна, неблагодарно од многу аспекти, има некои работи кои се непроменливи и без разлика дали ги знаеш или не ,не можеш да влијаеш на исходот , можеш само повеќе да страдаш не можејќи да се помириш со вистината... сигурно е поминато извесно време откако таа личност починала,тоа време што поминало ти било исполнето со тешкотии и длабока емотивна вознемиреност, овој сон како да ти кажува дека имаш недовршена работа,ама спрема самиот себе,да се помириш со фактот и со она што е, она што се случило, и да продолжиш понатаму, мораш да го отпуштиш минатото, тоа ти е пораката , таа личност те гледа, и гледа дека тоа те блокира и ти пречи ,затоа те враќа назад за да ти покаже дека тоа е судбината ,дека така морало (и требало ) да биде , и дека и да си знаел не си смеел(нити си можел) да го кажеш тоа или да промениш нешто во врска со тоа, ... и за крај една мала порака од мене во врска со твојот сон ... минатото веќе не постои,во Божјите правила не смееме да се мешаме, единствено што ни преостанува е да продолжиме понатаму, животот е сега и овде , треба да се посветиме на него и да ја ствараме иднината ... поздрав !
 
Член од
29 август 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
Баба ми почина пред неполна година. Денес сонував како наоѓам нејзини папучи дома ама отисокот на стапалата нејзини беше подруг од правилниот на самата папуча и си викам леле колку се мачела да се движи и идам во црква да запалам свеќа. Во црквата немаше луѓе беше празна и мала. Зедов 2 свеќи и клекнав да запалам во долниот дел кај што се пали за починати. Во моментов додека ја палам едната влегува човек завиен во чист бел чаршав, можев да го видам само од рамења надолу и голиот дел околу градите му беше со гребаници и валкан, беше бос. Лицето му беше во сенка само знам дека имаше темна коса до брада не чешлана и и брада неуредна. Ми вика како си , што правиш ? Викам па еве да запалам свеќа, ми стана језиво не памтам дали ги запалив двете (претпоставувам да) и тргнав накај излезот , се свртев уште еднаш да се прекрстам и човеков уште криејќи се во сенка со главата ми вика "Ќе ти се сони сон " , му викам Што ? и тој пак истото и се разбудив..
Мноооогу ретко памтам дека нешто воопшто сум сонувала , ама ова денес малку ме потресе.. па ако може некое објаснување @metatron
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Ноќеска сонував многу глупави сониште.

Имам другарка која неодамна почина, во последниве неколку години и не дека нешто многу се дружевме ама се дружевме како деца и откако е почината многу често ја сонувам и тоа секогаш во форма на дете. Ноќеска исто сонував како сме биле кај неа во дворот кајшто живееше и сме играле нешто, а потоа јас и кажав чао и си заминав. Иначе знаев дека е мртва, секогаш тоа го знам. @metatron многу ме интересира ова што значи, зошто секогаш ја сонувам како дете? И друга работа, кога сонувам мртви луѓе обично не разговараат а со неа нормално си зборам иако никогаш не запамтувам што е муабетот.

Потоа сонував како некој непознат човек што живеел кајшто е куќата на баба ми починал и имаше погреб на којшто имаше многу народ, јас не бев присутна на погребот, само го видов.

И на крај сонував како зет ми починал.
 
потребно е да се знаат повеќе податоци за некои сонови,ке се обидам без нив, одговорот на прашањето е лесен...починатата другарка ја гледаш како дете затоа што таа таква се чувствувала и таква се чувствува сеуште, таа таква се гледа себе и затоа како таква и ти ја гледаш... многу често покојните ги сонуваме како млади(или помлади отколку што биле)како здрави (а умреле поради болест) затоа што тие самите себе така се гледаат, овој сон конкретно како да укажува на некои промени во тебе самата,соновите ако ги поврземе даваат една поширока слика , во првиот си играш како дете ,значи ти недостасува безгрижноста на детството, а на крајот кога велиш збогум ,значи дека тој период останува зад тебе, настануваат во тебе некои промени каде преземаш некоја одгпвпрност за себе ,стануваш сериозна и почнуваш на друг начин да го гледаш животот, ама за тоа воопшто не жалиш, се ти иде онака спонтано и се е во ред, тоа ти го кажува вториот сон со непознатиот кој умира, значи умира симболично или се остава на заборав стариот дел од животот што си го имала,а ти сето тоа го гледаш и не ереагираш , значи се е во ред и среќата ја очекуваш во на што доаѓа.. според мене прилично исправен став
за последното , можам да видам дека си личност која не сака да се меша во туѓи работи, ама овдека ти претстои некој конфликт во семејството, за што и како не знам, ама го има и ке го има подолго време, пробај да го поврзеш со секојдневието и ке сфатиш за што се работи ... поздрав !!!
 
Ти благодрам за напишаново и како за личност која што не ме познава сепак има вистина во се, дури ни самата никогаш не сум ги поврзала на овој начин работите.
 
Член од
28 март 2014
Мислења
7
Поени од реакции
1
zdravo moze li metatron dami kazes za eden son na son sum se karala so eden covek i mi rekol vgodina ke vidis kaj e gospod stvarno mie strav i cela dusa mi se tresi dali e nekoj znak los deka ke mise sluci nesto vgodina ili :( :(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(
 
Член од
28 март 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
здраво! Многу често, односно оваа седмица многу пати го сонувам истиот сон иако малку нејасно но сепак истото. А повеке се зачудив кога и мојот сопруг и братучетками ми кажаа дека 2пати и тие сонувале слично нешто скоро исто но на друг начин, Затоа решив да пишам да ми протолкувате нешто. Сонот е малку чуден како да се договараме за свадба за мене и мојот сопруг да правиме на брод па имало луге како мрачно да беше па одеднаш се гледам на слика во венчаница потоа др ден сонувам се спремавме за венчавка но само со зборови а ништо не правевме, следно сонувам повторно договор за свадба но за мојата сестра а кога се видовме со неа пак стануваше збор за моја свадба....не знам многу нејасно и секој сон поврзан со вода или море или брод река каде боси трчаме со сопругот но не беше чиста вода а истава содржина ја сонувале и сопругот и братучетками. само што сопругот нешто спомнувале 9 во сонот како број на луге не знам точно.....додека пак јатрвами сонувала како мојот сопруг и друга роднина биле водени па во домот мој имало многу вода а на вратата стоела свекрвами која е покојна и му кажала до секаде да го бара мојот маж. Ве молам доколку знаете нешто за овие чудни сонови кажете ми загрижена сум. Благодарам поздрав @metatron
 
Последно уредено:
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Колку што знам свадба во сон е многу лошо, исто така и венчаницата што си ја сонувала е лош знак.
 
Член од
28 март 2014
Мислења
7
Поени од реакции
1
zdravo moze li dami kaze nekoj za eden son na son sum se karala so eden covek i mi rekol vgodina ke vidis kaj e gospod stvarno mie strav i cela dusa mi se tresi dali e nekoj znak los deka ke mise sluci nesto vgodina ili :(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(:(
 
Член од
28 март 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
Колку што знам свадба во сон е многу лошо, исто така и венчаницата што си ја сонувала е лош знак.
Тоа лош знак на што мислите некоја несрека несто здравствен проблем и на кого се однесува??? И што значи на сон мајками кршела погача и давала на некој само не се секава на кого мене или на сестрами (сестрами е бремена)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom