Сонував сон како гореле куќи наоколу, а потоа се запалила, но сум стигнал да ја изгасам и мојата набрзина (е сега чудното е што тоа не беше мојата куќа, но на сонов била моја, исто бев и со човек кој прв пат го гледам во живот), цело време на сонов бев во брзање и страв од нешто што незнаев ни самиот што е, наоколу гореле куќи, а сите се однесуваа ОК, после тоа ми го украдиле лаптопот (веднаш најдов кој, беше девојче која иначе ми паѓа 3та братучеда и ми е комшивка реално каде што живеам и тоа веднаш до мене) и си го вратив. Што би значело ова со куќата со горењето, пламенот кој ја зафати куќата беше чуден, гореше како кога истурите некое масло врз вода кога гори само тоа, а на ѕидовите немаше ниту отемнето ниту оштетување. Некој помош бидејќи одамна се немам уплашено до олку во сон, често сонувам лоши работи и имам кошмари, но многу често утрото не се сеќавам на соновите, дали дека сум преморен или поради што незнам?