Епа ако не го изеде дехидратот од чинијата, не му давај готвен оброк наредниот ден ... туку и наредниот ден дај му го повторно дехидратот од чинијата, ако и наредниот ден не го јаде дехидратот од чинија, воопшто да не ти е гајле, тоа не е твој проблем, остај го гладен ако треба и 5 дена, да видиш после како ќе јаде од чинија, има и да ја излиже целата чинија
Сум приметила многу сопственици ги размазуваат своите кучиња, и им ги тераат ќефоите.
Твоето куче си игра мајтап со тебе, знае дека ако не ја изеде храната од чинија, ти или ќе му ја истуриш на земја, или ќе почнеш од рака да му даваш, а ако му ја тргнеш чинијата, знае дека наредниот ден ќе добие готвен оброк, па затоа изводи и нејќе да јаде од чинија.
Треба малце построго ... ако нејќе да јаде од чинија - негов проблем, нека научи дека ако не си го изеде дехидратот од чинија, нема ти да го молиш, па да видиме колку време ќе му трае инатот и колку време ќе издржи да не јаде.
Ама не сум од тие што размазуваат. Или ќе биде по мое или по ничие, ама за оваа работа морав да попуштам, не сум па толку упорен гладен да го оставам. Верувај се' имам пробано и ова што ми кажуваш. Проблем ми е, али ете... Ми текна дека порано му ставав и вода млака. Можеби треба пак да пробам така.