Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Moжеш да се обратиш на страната на фб- Пит Бул Македонија. Сигурна сум дека некој од нив има легло. Уште посигурна дека ќе ти подарат ако го чуваш правилно.
Фала многу на информација. Ќе видам ќе се распрашам, можеби ќе се најде нешто, чувањето ќе биде најмал проблем. :)
 
https://www.facebook.com/events/1477258559155753/

Како потпарол на Мали Херои - Битола чест мие да ве поканам да присуствувате, сите кои сте од Битола па и оние кои можите да не посетите :)
 
Хахахахахаха! Лудило :D

arpd1OK_460s_v1.jpg
 
Кучето премногу ми се митари,ама кога ќе кажам премногу мислам на едно поминување покрај него фармерките бели,со топки од влакна.И ова се случува преку целата година...што да му давам за крзното?
 
Ме мрзи да барам,како да го одвикнам кучето да моча кај стигне,сакам на тераса да моча.За Пинч се работи ако значи тоа нешто.
 
ќе му ставиш на едно ќоше земја на терасата и мислам дека треба само таму да моча.
 
Може е Пинч, ама сепак припаѓа на видот кучиња- а земјичка на тераса е за мачки.[DOUBLEPOST=1396818857][/DOUBLEPOST]
Ме мрзи да барам,како да го одвикнам кучето да моча кај стигне,сакам на тераса да моча.За Пинч се работи ако значи тоа нешто.
Вака сега. Проста рутина ти е. Неколку пати низ страниве го имам пишувано тоа.
Кога станува од спиење- безразлика на кој дел од денот, одма носи го на тераса, значи одма.
Кога ќе пие водичка, од прилике некаде после пола саат мочка, имај го тоа на ум.
Од време на време, од онака, ради тебе што ти текнало пуштај го на тераса.
Али најјглавно од се е, кога ќе направи беља дома, тоа да се исчисти со премногу јаки средства за да не остане миризба на тоа место. Ако треба и неколку пати чистење.
На местото кај што се помочкало (дома), натопи мокрачата на весниче и изнеси ја надвор, на тераса, а местото- чистење. Никако немој да го караш- нема функција ама баш никаква карањето и дерењето.
Ако веќе има место дома кај што си мочка почесто, на тоа место премести му го тањирчето со храна и таму давај му да јаде- не мочкаат и не какаат никогаш таму кај што јадат (за разлика од луѓето).

Во глобала, тоа е тоа, се е само рутина и нормално, ТРПЕНИЕ! Ништо не се случува преку ноќ. На мојот пинч му требаа од прилике 2-3 недели некаде за да научи комплетно да не греши по дома, и покрај тоа што знаеше дека надвор е местото за мочкање, премногу се малечки за да не се заборават додека си играат (бебиња, исто ти е).
Рутина и трпение.
Се надевам помогнав.[DOUBLEPOST=1396819183][/DOUBLEPOST]
Кучето премногу ми се митари,ама кога ќе кажам премногу мислам на едно поминување покрај него фармерките бели,со топки од влакна.И ова се случува преку целата година...што да му давам за крзното?
Ако го чуваш само дома, логично е да се митари преку цела година (со поголема количина во периодите на митарење), поради фактот што се изложени на константна температура и процесот на митарење им трае цела година. Решение ти е редовно тимарење- секојдневно чешлање со фурминатор, четка, ракавици... и покрај тоа што ќе го тимари цело време, пак ќе има влакна по дома (само нешто регулирано, поситно него ли без тимарење). Знам, замарање е, ама и јас проаѓам низ истово со ротвајлеркава, така да... си се фатил за орото- ќе си го играш:)
 
Последно уредено:
Може е Пинч, ама сепак припаѓа на видот кучиња- а земјичка на тераса е за мачки.[DOUBLEPOST=1396818857][/DOUBLEPOST]
Вака сега. Проста рутина ти е. Неколку пати низ страниве го имам пишувано тоа.
Кога станува од спиење- безразлика на кој дел од денот, одма носи го на тераса, значи одма.
Кога ќе пие водичка, од прилике некаде после пола саат мочка, имај го тоа на ум.
Од време на време, од онака, ради тебе што ти текнало пуштај го на тераса.
Али најјглавно од се е, кога ќе направи беља дома, тоа да се исчисти со премногу јаки средства за да не остане миризба на тоа место. Ако треба и неколку пати чистење.
На местото кај што се помочкало (дома), натопи мокрачата на весниче и изнеси ја надвор, на тераса, а местото- чистење. Никако немој да го караш- нема функција ама баш никаква карањето и дерењето.
Ако веќе има место дома кај што си мочка почесто, на тоа место премести му го тањирчето со храна и таму давај му да јаде- не мочкаат и не какаат никогаш таму кај што јадат (за разлика од луѓето).

Во глобала, тоа е тоа, се е само рутина и нормално, ТРПЕНИЕ! Ништо не се случува преку ноќ. На мојот пинч му требаа од прилике 2-3 недели некаде за да научи комплетно да не греши по дома, и покрај тоа што знаеше дека надвор е местото за мочкање, премногу се малечки за да не се заборават додека си играат (бебиња, исто ти е).
Рутина и трпение.

Проблемот е во тоа што ова моево моча на секои пола саат,што бешика ќе имаше.Сум чувал Пекинезер ама кога му се мочаше гребеше на врата за надвор да го прошетам,ама ова кај стигне,само по него идам.Го имам само 2дена а веќе мајка ми сака да го врати,многу е досадно,цело време по тебе иде,сака да си игра,да го држиш во раце итн.Па затоа правам напори да го воспитам што побрзо за да го задржам.
 
А колку ти е стар Пинчерот ?
Ако е малечко, нормално дека нема да му држи бешиката, и ќе треба да го контролираш почесто, следи го неговиот говор на телото односно движењето ... ако видиш дека душка и се вртка, тоа најчесто е знак дека си бара местенце за да изврши нужда, па во тие моменти однеси го на тераса, и чекај да изврши нужда, и кога ќе изврши, веднаш награди го, кажи му со гласен и позитивен тон БРАВО, СУПЕР, ТАКА Е ... за да осети и да си ги поврзе работите дека тоа што го направило е позитивно.
Неможе кученцето само од себе да знае што треба да прави, што е позитивно а што е негативно, затоа си ти тука, за да му покажеш што треба да прави :)
 
4 месеца е старо и најмногу од се ми се допадна што уште првиот ден го изнесов надвор и цело време идеше по мене без ланче,и накај дома знаеше на која врата живеам.Паметни кучиња.
 
Ај кажете ми малку повеќе инфо за овие кучиња Чау Чау. Каков карактер се. Дали се лесни за чување. Колку пари се продаваат. Каде можам да најдам? (на пазар3 нема)
Слушам дека моментално биле најпродавани кучиња во свет.

Chow-Chow1.jpg[DOUBLEPOST=1397138863][/DOUBLEPOST]Има ли некоја страна во Србија како Пазар3 и Реклама5, кајшто можам да барам огласи за кучиња?
На пазар3 се јавив 450 евра ми бараат за женки 3 месечни. Многу е тоа или таман е цената?
 
Последно уредено:
Ај кажете ми малку повеќе инфо за овие кучиња Чау Чау. Каков карактер се. Дали се лесни за чување. Колку пари се продаваат. Каде можам да најдам? (на пазар3 нема)
Слушам дека моментално биле најпродавани кучиња во свет.

Прегледај го приврзокот 89153[DOUBLEPOST=1397138863][/DOUBLEPOST]Има ли некоја страна во Србија како Пазар3 и Реклама5, кајшто можам да барам огласи за кучиња?
На пазар3 се јавив 450 евра ми бараат за женки 3 месечни. Многу е тоа или таман е цената?
Не е многу,се зависи до примерокот.Моја другарка лани зема,од Србија и ја донесоа,женка,преубава.500евра ја плати.Наскоро планираат да ја парат па може да те известам кога ќе има нешто.Инаку конкретно нејзиново куче е супер за чување,не сака многу мазење сака сама да си лежи,одмара,треба да се тимари барем еднаш неделно,вака не пушта влакна многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom